Јорданка Јоци Ивановска за смртта на Катја: „Стотици луѓе не спречиле да биде свирепо убиено 6-годишно дете“
Самоубиството на Ивана, која со сопствениот го прекина и животот на 6-годишната Катја, ја потресе јавноста и отвори деликатни прашања за одговорноста на системот и општеството кога станува збор за заштита на најранливите.
Големо внимание привлече постот на Facebook на Јорданка Јоци Ивановска, која со потресни зборови укажа дека трагедијата е резултат на долгогодишно занемарување и молк од страна на многумина.
Еве ја нејзината порака во целост:
Може кој сака да сведочи, да кажува како помагал или не знам што, а и да лее крокодилски солзи во судница, ништо нема од тоа тежина во однос на тоа дека стотици луѓе не спречиле да биде свирепо убиено 6-годишно дете. Со години.
Замислете со каков страв во очи загина тоа тажно, измалтретирано и психичко убиено дете, во тие последни секунди?
Прво го убивале со години психички, а потоа и физички. Немала никаков избор, за разлика од возрасните кои и тоа како секој од нив имал избор.
И сите само гледале и кревале раменици.
🟧 Останува горчливата вистина дека најневината и веројатно #единствената #жртва е 6-годишната #КАТЈА, која со години раскажувала за теророт кој го гледала и кој го живеела секој ден од двајцата свои родители, а - никој не ја спасил! Барала помош.
Никој не ѝ подал рака, не ја заштитил токму од нејзините родители.
Никој не сакал да се жртвува, да си подметне свој грб за неа.
Родителите пак влегле одамна во пеколен круг, во лавиринт без излез, биле осудени на пропаст, пет пати се разведувале па као се ,,миреле", си се одмаздувале со години меѓусебно и притоа завршувале по билтени на МВР.
🟥 И ако некој се најде паметен да ми соли памет околу меѓусебното завршување по билтени - за тоа си постои официјален запис. И ми е проверено.
🟦 Сите вртеле глава за да не се мешаат во пеколниот однос на родителите.
Впрочем и самите полицајци кои доаѓале на повик, велеле - ,,решете меѓу себе".
Чунки они работат во МВР за да јадат крофни и да шетаат со рацете в џеб.
Во моментов нема кој директно да одговара за убиството на Катја, но индиректно низата е следна.
Не го спасиле тоа сирото дете куп луѓе кои знаеле и биле информирани за екстремно насилство - 39 полицајци, веројатно уште 30 социјални работници, уште 50 блиски роднини, баби, дедовци, разни браќа/сестри , колеги на мајка/татко, нивни пријатели, соседи, случајни минувачи....ℹ️ Дополнето: Плус и сите надлежни во ОУ ,,ПЕСТАЛОЦИ", каде учела Катја.
Од учителки до педагози, директор, кои сето ова го знаеле, а само ја ,,преупатиле" мајката до други институции.
Во тек е судењето на Стојанче Јовановски, кој со години вршел семејно насилство врз Ивана. Тој е обвинет за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.