• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ЈАНА, првата македонска јутјуберка, го скрши мразот!

25 септември 2019, 10:00
  • cподели

ЈАНА е првата македонска јутјуберка која го скрши мразот и започна да ги снима на македонски јазик своите авантури за целиот свет.

Станува збор за најновиот анимиран филм за деца ЈАНА во кој девојчето Јана раскажува за своите необични авантури во Волшебната книжарница, ги носи своите најмлади гледачи во волшебниот свет на книгите и им ја развива љубовта кон читањето.

Јана- првата македонска јутјуберка

„Здраво, другарчиња! Јас сум Јана! Претплатете се на мојот јутјуб-канал. Бесплатно е! :) Гледајте ги моите видеа, читајте ги моите сликовници и бидете дел од моите неверојатни авантури во Волшебната книжарница“ – стои на најновиот јутјуб-канал.

Јана- првата македонска јутјуберка

Веднаш по објавувањето на првата епизода се редат неверојатен број прегледи, а поддршка на новата јутјуберка дадоа и нашите најголеми јутјуб-ѕвезди, GP и STEFFONATOR. „Конечно македонска јутјуберка! Мразот е скршен! Браво за Просветно дело за овој прекрасен проект за деца“ – изјавија јутјуберите.

Јана- првата македонска јутјуберка

Од издавачката куќа Просветно дело, која го лансираше овој најнов проект, изјавија: „Се обидуваме да понудиме најнови решенија за најмладите кои ќе претставуваат мотивација и поттик за читање. Оттука, ја создадовме јутјуберката Јана која ги снима своите авантури на својот јутјуб-канал и ги прераскажува во своите книги така што најмладите ќе можат и да ги гледаат нејзините епизоди и да ги читаат нејзините книги.“

Видео

Комерцијален текст

Tags
Јана

Најнови

  • Ѕвезда со големо срце: Јаков Јозиновиќ изненади мала обожавателка со спинална мускулна атрофија, средбата топи срца

    Fri, 06/12/2026 - 20:00
  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.