• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Изненадување! Лејди Гага стана мајка, беше фотографирана за првпат со бебенцето на прошетка

13 септември 2026, 22:19
  • cподели

Лејди Гага ја доби најважната улога во својот живот.

Откако со години зборуваше за големата желба да стане мајка, славната пејачка го доби првото дете со вереникот Мајкл Полански. Бременоста беше чувана во тајност.

Деновиве парот беше за првпат фотографиран на прошетка со бебенцето. На фотографиите, 40-годишната добитничка на Греми го носи новороденчето на себе во марама.

Музичката ѕвезда никогаш не ја криела желбата да се оствари и во улогата на мајка. Уште во 2019 година, зборувајќи за своите планови за иднината, таа откри дека сака да снима филмови, но и да има деца.

„Сакам да снимам повеќе филмови, сакам да имам деца“ - изјави тогаш Гага.

Во октомври минатата година, Гага откри дека мајчинството го гледа како нејзината следна голема животна улога.

„Она што навистина го сакам е да бидам мајка. Се надевам дека тоа ќе биде мојата следна главна улога“ - рече таа во гостувањето кај Стивен Колбер.

Љубовната приказна на Гага и Полански започна во 2020 година. Во периодот на пандемијата двајцата поминаа многу време заедно, а нивната врска со текот на годините стануваше сè посериозна.

Во јули 2024 година, Гага потврди дека е свршена со Полански. Тоа се случи на Олимписките игри во Париз, каде што во разговор со францускиот премиер Габриел Атал, таа го претстави Полански како „мојот свршеник“.

Tags
Лејди Гага

Најнови

  • Изненадување! Лејди Гага стана мајка, беше фотографирана за првпат со бебенцето на прошетка

    Sun, 09/13/2026 - 22:19
  • Одговор на дебатата за пушењето: кога чадот ја прави разликата

    Sat, 09/12/2026 - 15:08
  • Елена Ѓорговска блесна во гламурозен син фустан и специјално изработена чантичка на роденденот во Белград

    Fri, 09/11/2026 - 22:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.