• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Изненадување: Камерон Дијаз тајно доби второ дете со сопругот Бенџи Меден

25 март 2024, 09:35
  • cподели

Семејството на Камерон Дијаз и Бенџи Меден се прошири за уште еден мал член. 51-годишната актерка и нејзиниот сопруг тајно го добија нивното второ дете.

Холивудската ѕвезда и нејзиниот партнер ја споделија убавата вест со заеднички пост на Instagram.

„Благословени сме и возбудени што ја споделуваме веста за раѓањето на нашиот син, Кардинал Меден. Тој е прекрасен и пресреќни сме што е тука. За безбедноста и приватноста на децата нема да споделуваме фотографии, но тој е пресладок. Се чувствуваме благословени и благодарни. Испраќаме многу љубов од нашето семејство до вашето“ – стои во нивната порака.

Камерон Дијаз и Бенџи Меден

По објавувањето на веста, парот беше фотографиран додека се упатуваше на роденденската забава за Роб Лоу.

Камерон Дијаз и Бенџи Меден

Камерон и Бенџи стапија во брак во 2015 година, а веста за раѓањето на нивната ќеркичка ја објавија во јануари 2020 година.

Парот последен пат беше фотографиран во јавност со ќеркичката Радикс во ноември минатата година.

Камерон Дијаз и Бенџи Меден Камерон Дијаз и Бенџи Меден Камерон Дијаз и Бенџи Меден Камерон Дијаз и Бенџи Меден Камерон Дијаз и Бенџи Меден
View this post on Instagram

A post shared by Benji Madden (@benjaminmadden)

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.