• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Излези од комерцијалата, следи тренд со своја естетика“: Модната филозофија на Дејан Сидор

12 февруари 2026, 00:20
  • cподели
Sidor

Речиси две децении по првите скици и првите чекори во модниот свет, името на македонскиот дизајнер Дејан Сидор денес јасно одекнува на домашната модна сцена. Неговиот потпис не е само во кројот, но во урбаната порака која е длабоко вкоренета во македонскиот идентитет. Всушност „SIDOR“ е моден бренд за оние кои знаат зошто го носат токму тоа парче.

Кога се навраќа на почетоците, Дејан раскажува гордо, со јасна свест за изминатиот пат.

„Како млад дизајнер го имаш сонот за реализација, сега тоа го реализирам“ – вели тој за Фемина, сумирајќи години работа во една реченица што носи и трпение и упорност.

Иако пошироката публика го препознава поинтензивно во последните години, неговиот стил отсекогаш бил препознатлив.

„Секогаш сум бил препознатлив по начинот на кој се изразувам – како студент, кога сум работел во позадина. Но, почнав да се 'ѕиркам' како SIDOR со Next Time, Снеже Велков, Антониа Гиговска“ – раскажува тој, посочувајќи дека видливоста доаѓа кога ќе се совпаднат вистинскиот момент и автентичноста.

Фактот што неговите модели ги носат јавни личности со силен идентитет не го гледа како случајност.

„Секогаш е важно кој, како, каде и зошто“ – нагласува Сидор, потенцирајќи дека облеката живее вистински дури кога ќе ја носи личност која ја разбира пораката.

Антониа Гиговска во креација на Sidor
Снеже Велков во креација на Sidor
Антониа Гиговска во креација на Sidor

Неговите колекции често се опишуваат како концептуални и со јасна идејна нишка. За него, таа нишка е лична.

„Тоа сум јас, всушност, како гледам на работите поврзани со мене. Биди урбан со нашето минато и историја. Секој дизајн го наметнува своето“ – вели дизајнерот, ставајќи до знаење дека модата е форма на личен став.

Кога станува збор за препознатливост, Сидор не се двоуми, за него најважна е пораката:

„Излези од комерцијалата, следи тренд со своја естетика.“

Дејан Сидор

Македонскиот национален идентитет е силно присутен во неговата работа, од мотиви инспирирани од македонските народни носии до современи интерпретации на традицијата, како националниот дрес.

„Националниот идентитет е секогаш важен во која било сфера – така те идентификуваат. Важно ми е да црпам инспирација од македонскиот народен костим и да го прикажам во друго светло“ – истакнува тој.

Креација на Sidor

За разлика од многумина, Сидор не верува во компромис меѓу локалното и глобалното.

„Нема потреба да барам баланс. Ако бараш баланс, тогаш влегуваш во друга гранка на професијата. Јас се следам сам себе“ – вели, зборувајќи за својата посветеност на естетиката и малите, но значајни детали од македонската традиција.

Трендовите, пак, за него се повеќе предизвик отколку правило.

„Секогаш се трудам да наметнам, да покажам авторски печат – сепак тоа е мојата работа“ – додава.

И во приватниот живот не си поставува модни ограничувања:

„Секогаш си дозволувам слобода“.

Креација на Sidor

Говорејќи за македонската модна публика, Сидор реално ја согледува состојбата:

„Модата е луксуз, но има и друг момент во нашето општество – многу мал број луѓе гледаат или препознаваат модно парче како важен дел од секојдневието или од пригодата, каде и како треба да се појават.“

Предизвиците, пак, ги гледа како неизбежен и неопходен дел од патот:

„Секогаш мора да има предизвици. Инаку не би постоеле.“

А за иднината? Наместо прогнози, нуди став:

„Секој дизајн треба да има нешто свое, да биде препознатлив. Не треба да следат трендови – желбата е дизајнерот да се наметне и да поставува тренд.“

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Дејан Сидор
Sidor

Најнови

  • Без договор по 6 часа преговори: Блејк Лајвли бесно ја напушти судницата, Балдони насмеан со сопругата

    Thu, 02/12/2026 - 12:07
  • „Оваа Олимпијада е за тебе сине“: 35-годишна мајка освои злато во лизгање, нејзиното синче го украде шоуто со палавоста

    Thu, 02/12/2026 - 12:01
  • Џиџи Хадид се бакнува со Бредли Купер откако бившиот Зејн Малик призна дека никогаш не бил вљубен во неа

    Thu, 02/12/2026 - 10:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.