• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Итно копче – технологија која спасува животи

18 мај 2022, 09:39
  • cподели

По повод 17 мај, Денот на телекомуникациите, Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија најавија партнерство за поддршка на повозрасната популација, со помош на технологијата.

Партнерството го опфаќа проектот Итно копче, преку кој со помош на дигиталната технологија се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години. Корисниците ќе можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.

Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст

Тимот е составен од обучени лица кои можат да пружат прва помош, прва психолошка помош или веднаш да ги траспортираат корисниците до релевантните институции, во зависност од случајот.

Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција.

Ова е услуга која е нова во регионот, но веќе се практикува во повеќе европски земји со одлични резултати. Проектот се реализира со поддршка на Австриската Агенција за развој, Австрискиот и Швајцарскиот Црвен крст и проектот Инкаре, поддржан од Европската Комисија.

Преку ова стратешко партнерство Телеком Фондацијата и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка преку која ќе се спасуваат животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација.

За повеќе информации, контакактирајте со:

Фондација Телеком за Македонија

e-пошта: FoundationTelekomforMacedonia@telekom.mk

Црвен Крст на Република Северна Македонија

е-пошта: skopje.itnokopce@redcross.org.mk

Tags
Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.