• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Исповед на една мајка: „Пет тајни кои сакам да ги споделам како мајка на дете со Даунов синдром“

22 август 2016, 08:38
  • cподели

Мајка на дете со Даунов синдром ја отвори душата пред светот и ги сподели своите најголеми тајни.

Пем де Алмеида, која има две деца, редовно споделува лични искуства на својот блог „Slice of Life“. Таму, таа пишува за животот како мајка на дете со посебни потреби и им дава можност и на други лица и членови од семејството да ѕирнат во нејзиниот живот.

Пем и Софија

Во еден од своите текстови таа откри дека има 5 големи стравови кои произлегуваат од нарушувањето на нејзината ќерка. Прочитајте ја нејзината исповед:

Изминативе 14 дена, кои ги поминав во болница за да се грижам за Софија, ми овозможија да погледнам внатре во себе. Сфатив дека како мајка на дете со посебни потреби имам неколку тајни. Тајни кои никогаш досега не сум ги признала, ниту сум зборувала за нив, ниту со моите пријатели, ниту со семејството.

Признавам, се колебав дали да го споделам ова, но по неколкудневно размислување, одлучив дека сакам да ги споделам моите тајни.

Пем и Софија
  1. Не сум секогаш силна/храбра. Се грижам. Плачам. Нервозна сум и растревожена. Често ми велат: „Ти си толку силна мајка!“, кога всушност јас се чувствувам како сè само не и како силна. Го правам она што треба да биде направено зашто морам. Бидејќи немам друг избор. Тоа не ме прави специјална. Не ме прави храбра. Тоа со сигурност не ме прави супер-мајка, бидејќи реално, ако вие бевте на мое место, ќе го правевте истото. На крајот на краиштата, не е ли тоа она што ние мајките го правиме за нашите деца?
  2. Општеството како целина е полно со љубезни лица. Добри лица. Приземни и учтиви лица. Но, некои луѓе се злобни. Не живеам под стаклено ѕвоно. Знам дека постои омраза во светот. Знам дека има расизам, предрасуди и дискриминација. Само што не знаев колку реално е сето тоа додека не станав мајка на дете со посебни потреби. Ми имаат речено дека требало да ја абортирам Софија. Ми имаат речено дека таа ќе била товар за општеството. Ми имаат речено дека треба да сум среќна што имам барем едно „нормално“ дете дома. Овие зборови навистина болат. Знам дека изгледа како да сум ги заборавила. Знам дека изгледа како да сум дебелокожец. Но, јас плачам. Плачев секојпат кога некој ќе ми кажеше нешто злобно. Но, исто така секогаш продолжував понатаму. Иако овие зборови ме болеа, јас одлучив да продолжам напред, наместо да им дозволам да ме надвладеат.
  3. Губиш пријатели и тоа те прави осамена. Зошто? Можеби затоа што не можат да те разберат низ што поминуваш. Можеби е претешко за нив да се поврзат со тебе. Можеби си мислат дека доволно нешта се случуваат во мојот живот, па не сакаат да ми пречат и решаваат да ме остават на мира. Она што сега сакам да им го кажам е дека ми требавте. Кога мојот живот стана презафатен од прегледи, терапии, посети на доктор и третмани, ми требавте. Не ми требаше простор. Веќе имав премногу простор. Гледав во текот на годините како „просторот“ меѓу мене и некои од пријателите се зголемуваше... и стана толку голем што никој од нас не можеше да се врати повторно и тоа ми го кршеше срцето.
  4. И нешто кое никогаш нема да ме слушнете да го изговорам е дека... се плашам од смртта. Особено за Софија. Знам, ужасно е да ги пишуваш овие зборови. Но, кога твоето дете има здравствени проблеми и има прилично голем ризик да развие секакво заболување и да ја префати секоја болест којашто постои, тоа те загрижува. Не дозволуваш да те обземе. Но, таму е... скриено во некој агол од твојот мозок и од твоето срце, зашто знаеш колку ужасно е чувството дури и да го помислиш тоа. Да го почувствуваш тоа. И секојпат кога помислуваш на тоа, брзо го туркаш назад во тој длабок агол и се чувствуваш засрамено дури и што си помислила на тоа, макар и само накратко.
  5. Но, најголемата поента која сакам да ја извлечете од овој текст е дека не би променила ништо од тоа. Ниту еден ден, ниту една минута, ниту пак една секунда. Независно колку тешкотии или предизвици има пред мене, независно колку пријатели ме напуштиле, независно колку злобни коментари сум слушнала, независно од тоа со каков здравствен проблем ќе се соочиме, ЌЕ СЕ СООЧИМЕ СО НИВ ЗАЕДНО.

Те сакам слатка Софија

Пем и Софија Пем и Софија Пем и Софија Пем и Софија Пем и Софија
Tags
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.