• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Испиша историја: 40-годишна лизгачка стана најстарата жена која има победено на Светското првенство

25 март 2024, 10:30
  • cподели

Дијана Стелато-Дудек се запиша во историјата.

40-годишната лизгачка стана најстарата жена која го има освоено златниот медал на Светското првенство во уметничко лизгање. Дијана и нејзиниот партнер Максим Дешамп беа прогласени за светски шампиони во уметничко лизгање во парови на првенството кое се одржа во Монтреал, Канада.

Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек

Интересното е што поради повреда, Дијана се пензионираше од спортот на 17-годишна возраст во 2001 година, уште пред да се родат голем дел од денешните натпреварувачи во уметничко лизгање. Подоцна таа се омажи и изгради успешна кариера како естетичарка.

Дијана повторно се врати на мразот на 33 години и успеа да го постигне незамисливото.

„Не сакав на старост од 80 години да се прашувам дали можев да успеам“ – изјави таа по победата.

„Знаев дека сум постара од сите останати, но чувствував дека имам желба и страст да го направам тоа. И тука сум на 40 години и сум светски шампион.“

„Тоа е нешто кое го носам со гордост. Се надевам дека повеќе спортисти ќе останат во спортот подолго време“ – рекла таа.

Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек

Дијана се надева дека ќе ги инспирира сите кои сметаа дека е предоцна за остварување на нивните соништа.

„Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето да не застануваат пред да го достигнат нивниот потенцијал. Се надевам дека ова ќе се пренесе и во други области, не само во спортот, како работа и професионална кариера“ – рекла таа.

Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек Дијана Стелато-Дудек
View this post on Instagram

A post shared by Skate Canada / Patinage Canada (@skate_canada)

Ова не е крај за инспиративната спортистика. Дијана има цел да се натпреварува на Зимските олимписки игри во 2026 година, на 42-годишна возраст.

Уметничкото лизгање е опасен спорт со движења кои лесно можат да завршат со повреда. Најчесто лизгачите се пензионираат кон средината на 20-тите години од нивниот живот.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.