• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Исаура од „Преспав“ полни 40 години: Актерката Емра Куртишова на роденденот сподели дел од научените лекции

30 декември 2025, 09:56
  • cподели

Емра Куртишова денес го слави својот 40-ти роденден.

Талентираната актерка, која е најпозната по улогата на Исаура во „Преспав“, сподели лекции кои ги научила во првите четири децении од својот живот.

Емра објави фотографија на која позира во автомобил и напиша:

Денес полнам 40.
Не сум постара, само сум поискусна и малку поуморна 🤷‍♀️
Зад мене се лекции што не се учат од книга.
Сум паднала, сум станала, сум се преправала дека сè е во ред и сум научила дека кафето, мирот и добрите луѓе се луксуз.
На 40 конечно знам дека
не морам на сите да им се допаднам,
не морам сè да објаснувам,
и „не ми се“ е сосема доволна причина.
Си посакувам здравје, мир во глава
и нерви што траат...
Да се смеам почесто, да се грижам помалку
и да си бидам најдобра верзија за себе и моите најблиски.
40 не се години.
40 е ЈАС СУМ и ТАМАН ми е 🤍
Фала ти Боже за сè што имам и немам!

Пред два дена, Куртишова сподели фотографија со сопругот Петар Стојанов, кој исто така е актер. 

Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие стапија во брак во јуни 2023 година и заедно имаат една ќерка, Лена.

Tags
Емра Куртишова

Најнови

  • Сопругата на Андреј од ДНК: „Препознавањето го изврши најдобриот другар, ќерка ми 24 часа не излегуваше од соба и не јадеше“

    Thu, 06/11/2026 - 11:21
  • „Снаата испушти толку ужасен крик, таа беше пред породување“: Исповед низ солзи на таткото на Диме кој загина во „Пулс“ и не го дочека раѓањето на сопственото дете

    Thu, 06/11/2026 - 11:05
  • „Мојот вресок, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка“: Сопругата на Андреј од ДНК за првпат се отвори за моментот кога дозна за пожарот во „Пулс“

    Thu, 06/11/2026 - 10:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.