„Ирис, најмалата шефица во куќа“: Пере од Нокаут сподели моменти од третиот роденден на најмалата ќеркичка во природа
Најмалата ќерка на Никола Перевски-Пере наполни три години.
Популарниот пејач од групата Нокаут сподели моменти од роденденот во природа на слатката Ирис, на кој децата уживаа во забавни игри.
Славеничката дувна свеќичка на колоритната роденденска торта.
„Денес четворчето полни 3 години…🎂❤️
Ирис, најмалата шефица во куќа, четврта по ред, ама прва кога треба да направи хаос, да ги направи тато и мама пластелин и да добиешто сака со една насмевка. 😄
Да, на ќерките им поделив бројчиња, за да не се бунам со имињата… ама оваа мала број 4 денес официјално има 3 години и 300 начини да нè разоружа. Среќен роденден, Ирис!
Тато и мама те сакаат до сите галаксии и назад“ - напиша Пере.
Пере има четири ќерки. Малите Ирис и Софи ги има со сегашната сопруга Јована, а пораснатите Миа и Каја ги има од неговиот претходен брак.