• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Имав ужасен пораѓај и постпородилна депресија“: Софија Јанева возврати на сите кои ја прашуваат кога второ дете

24 јуни 2026, 09:03
  • cподели

Се чини дека во моментот кога една жена ќе стане мајка, општеството веднаш почнува да го отчукува часовникот за следното бебе. „Кога второ?“ станува секојдневен „поздрав“ кој соговорниците го фрлаат со неверојатна лежерност, често заборавајќи дека зад затворените врати на секој дом се крие приказна која не се раскажува на кафе-муабет.

Софија Јанева реши јавно и без филтри да зборува на оваа тема, кршејќи го табуто за притисокот со кој се соочуваат младите мајки. На својот Инстаграм профил, таа искрено сподели зошто одговорот на ова прашање не е воопшто едноставен.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sofija Janeva Chemerikikj (@janeva)

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Кога ќе ме прашаат „Кога второ?“ со истата лежерност како да прашуваат „како ти помина викендот“, а јас во глава имам PowerPoint презентација со 47 слајдови и причини зошто тоа не е баш едноставно прашање. Пример:

1. Матео се уште не ја преспива ноќта и се буди да цица на секои 3-4 часа, технички јас не сум ја преспала ноќта од 2024 година

2. Имав ужасен пораѓај и постпородилна депресија од која уште ми се ежи кожата ако размислувам на таа тема подолго од 5 секунди.

3. Уште чекаме да го примат Матео во државна градинка. (Државата сака поголем наталитет, ама нема кој да ги чува децата додека родителите работат. Одличен план!!!! 👏)

Па дали сакам второ дете?

ДА! ДА! ДА! Со цело срце ДА!

Сакам Матео да има братче или сестричка. Сакам уште еднаш да ја доживеам таа љубов што не можеш ни да ја замислиш се додека не станеш родител.

Но кога? Искрено, не знам…

Затоа ме нервира ова прашање. Не затоа што не сакам уште деца, туку затоа што секоја жена има различно искуство, различно породување, различно закрепнување, различно дете, различна финансиска состојба и различна помош околу себе.

Некои се подготвени по една година. Некои по пет. Некои никогаш.

Затоа, следен пат кога ќе помислите да прашате некого „кога второ?“, можеби подобро прашајте „мајка, како си?”

Софија стапи во брак со својот партнер Виктор во 2024 година. Нивното синче се роди на 31 јануари 2025 година.

Најнови

  • „Имав ужасен пораѓај и постпородилна депресија“: Софија Јанева возврати на сите кои ја прашуваат кога второ дете

    Wed, 06/24/2026 - 09:03
  • Филип Кузмановски со фотографија од бремената сопруга и синчето откри дека го очекува второто дете

    Wed, 06/24/2026 - 08:30
  • Гвинет Палтроу згодна во бикини и на 53 години на луксузна јахта во Италија со сопругот Бред Фалчак

    Tue, 06/23/2026 - 22:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.