• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Има убавина во секоја возраст“: 71-годишна жена е најстарата кандидатка за Мис Тексас

25 јуни 2024, 10:25
  • cподели

Мариса Тејхо руши граници. 71-годишната жена влезе во историјата како најстарата учесничка на изборот за Мис Тексас.

Таа ќе се натпреварува со многу помлади девојки и вели дека со овој потег сака да ги инспирира жените да се одржуваат во најдобрата физичка и ментална форма, без разлика на годините.

Мариса Тејхо

„Чест ми е што ќе бидам дел од ова неверојатно ново искуство како натпреварувачка на Мис Тексас. Со тоа, се надевам дека ќе ги инспирирам жените да се стремат да бидат во најдобрата физичка и ментална форма и да веруваат дека има убавина во секоја возраст“ – пишува Мариса.

„Тоа стана моја цел, наместо само да се стремам кон победа“ – дополнува Тејхо.

Мариса Тејхо Мариса Тејхо

Мариса постојано тренира и е физички активна. Таа вели дека само така го одржува својот младолик изглед.

„Фитнесот и здравиот живот се најдобрата одбрана против стареењето“ – порачува Мариса.

Мариса Тејхо Мариса Тејхо Мариса Тејхо

Минатата година, Мис Универзум ги тргна возрасните граници за своите учеснички. Дотогаш, дозволено беше да се натпреваруваат само девојки од 18 до 28-годишна возраст.

Мариса Тејхо Мариса Тејхо Мариса Тејхо
View this post on Instagram

A post shared by ABC News (@abcnews)

Најнови

  • Роберт Спасенцовски

    Сопругот на Антониа Гиговска стана интернет хит: Роберт, исмејуван за фризурата, им дели оценки на хејтерите

    Thu, 04/23/2026 - 22:00
  • Таско и Теа - Луда

    Романса низ Охрид: Таско и Теа со дуетот „Луда“ до летен хит

    Thu, 04/23/2026 - 21:33
  • Зера Бекировска

    „Најтешки се моментите кога животно е болно или кога треба да се разделиш“: Зера, жената која подарува мајчинска љубов во ЗОО Скопје

    Thu, 04/23/2026 - 20:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.