Има босанско потекло, беше во врска со Шумахер... Која е Лејла Хасановиќ, девојката на тенискиот ас Јаник Синер?
Откако ја освои својата втора последователна Вимблдон титула, Јаник Синер привлече нов бран внимание кон себе и со големите успеси на теренот, но и со поддршката од трибините. Многумина љубопитно се запрашаа која е убавата девојка која ентузијастички го бодреше кога го победи Александар Зверев за да го крене трофејот во Лондон.
Станува збор за Лејла Хасановиќ, модел, инфлуенсерка и претприемачка. Родена е во Данска, но има потекло од Босна и Херцеговина. Кариерата ја започна како модел, а во 2019 година беше финалистка на изборот за „Мис Универзум Данска“.
Денес, 25-годишната девојка е вистинска интернет ѕвезда со над 545.000 следбеници на Инстаграм и преку 340.000 на TikTok. Освен што вешто ја негува кариерата како модел, Лејла успешно плива и во претприемачките води. Имено, таа е основачка на брендот за убавина NRD55, кој нуди производи за самопотемнување, со што дополнително ја зацврстува нејзината позиција во индустријата за убавина.
Соработувала со светски брендови како Armani и Prada, а годинава беше гостинка на Канскиот филмски фестивал.
Иако парот ја чува својата приватност далеку од очите на јавноста, Синер официјално ја потврди врската во октомври 2025 година, веднаш по победата на турнирот во Виена. Во својот говор, тој упати искрена благодарност до тимот и семејството, но и до неговата девојка, која беше забележана во публиката покрај неговите родители.
Пред да ја започне врската со Синер, Лејла беше во долгогодишна љубовна врска со возачот на Формула 1 Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер. Тие беа заедно околу три години, пред да се разделат во април 2025 година.
На социјалните мрежи Лејла е позната по својот „скандинавски шик“ стил кој обединува минималистички кроеви, неутрални бои и ноншалантна елеганција.
I was in a rush, so I ended up with my most recently saved song. A Bosnian one. Iconic.