Илјадници фанови мислеле дека Роналдо се жени, па „упаднале“ на туѓа свадба, неговата реакција стана хит
Долго време се шпекулираше дека дека месецов Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ќе запливаат во брачните води, а токму тие гласини доведоа до една крајно неочекувана ситуација во Мадеира, родниот крај на славниот фудбалер.
Илјадници фанови помислиле дека врвниот спортист конечно се жени со својата долгогодишна партнерка, па се собрале пред катедралата во Фуншал, убедени дека таму ќе се одржи нивната свадбена церемонија.
Но, вистината била сосема поинаква. Во катедралата воопшто не се венчавале Роналдо и Џорџина, туку локалната двојка Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теиxeира, кои, според португалските медиуми, дури морале да се пробиваат низ насобраната толпа за да стигнат до сопствената свадба.
Гласините дополнително се засилиле откако сестрата на Роналдо, Катија Авеира, објавила дека пристигнала во Мадеира по повод „забава“. Тоа било доволно на социјалните мрежи да се започне со шпекулации дека се подготвува голема семејна прослава.
Сепак, Роналдо лично ставил до знаење дека целата ситуација му била прилично забавна. Откако на Instagram била објавена вест за забуната, фудбалерот реагирал со пет емотикони кои плачат од смеење.
Џорџина и Роналдо се запознале во бутик на Гучи во кој таа работеше. Нивната врска започна во 2016 година, а минатата година тој ѝ предложи брак.