„Хурем Султан“ од „Величествениот“ во розов фустан со сваровски кристали на црвениот тепих во Кан
Мерјем Узерли моментално престојува во Франција по повод Канскиот филмски фестивал.
Турската актерка со германско потекло, која кај нас е позната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“, присуствуваше на премиерата на филмот „BlacKkKlansman“.
На црвениот тепих, 34-годишната актерка се појави во розова креација од Raisa & Vanessa украсена со сваровски кристали.
Мерјем беше гостинка и на забавата „Fashion for relief“, каде зачекори во светлосин фустан.
Узерли присуствуваше и на забавата на Џон Траволта и позираше со славниот актер.
Не изостанаа коментарите дека актерката има поистакнати јаболкници и поголема уста од претходно.
