• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Хуманитарна продажна изложба за жртвите од поплавите во Концепт 37

8 август 2016, 14:40
  • cподели

По повод катастрофалните поплави и невремето кои го зафатија Скопје и околината, каде покрај огромните штети имавме и човечки жртви на 9 август вторник, со почеток во 20 часот, во арт-кафето „Концепт 37“ ќе се одржи продажна хуманитарна изложба на повеќе од 30 македонски уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) од неколку МК градови. Целта на оваа изложба е да се соберат барем дел од неопходните финансиски средства за помош на жртвите од поплавите.

Концепт 37

„Во овие тешки моменти кога сме соочени со загуба на човечки животи и големи материјални штети најмалку што можевме да направиме е да ги повикаме уметниците да донираат по едно свое уметничко дело кое ќе биде дел од оваа изложба. Собраните средства од продажбата планираме да бидат исклучиво наменети за настраданото население од поплавите. Затоа ги повикувам сите кои би сакале и можат да помогнат да не посетат утре во арт-кафето „Концепт 37“ на улица Рузвелтова 37 и заеднички да помогнеме во оваа акција“, изјави Владимир Лукаш еден од главните иницијатори на настанот.

Досегашните пријавени уметниците кои ќе бидат дел од овој хуманитарен настан се: Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Лилика Стрезоска, Биби Клечакоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Ем Елефантски, Ана Петровска, Алма Идризи, Кристина Божурска, Александра Зиновски-Вилиќ, Викторија Попоска, Маја Кировска, Дафина Џепароска, Билјана Бинчев, Снежана Мелник, Жани Гелевска, Јана Ацевска, Руки Чуки, Нита Муча, Леа Варошанец, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Бапси Чулкин, Мелани Дигит, Симонида Филипова Китановска, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов – Дете, Владимир Лукаш, Лидија Георгиева и други.

За музичката поддршка на настанот задолжени ќе бидат Шурбе и Тони Димитров.

Tags
Концепт 37

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.