• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Хрватски навивачи „упаднаа“ на свадбена фотосесија во Филаделфија и ги „заразија“ младенците со еуфорија

1 јули 2026, 11:27
  • cподели

Она што требаше да биде класична свадбена фотосесија во центарот на Филаделфија, се претвори во вистински спектакл, благодарение на хрватски навивачи на Светското првенство.

Додека младенците Ештон и Зак Смит позирале пред Градското собрание по венчавката, ги пречекала огромна група хрватски навивачи, препознатливи по црвено-белите коцкести дресови. 

Нововенчаниот пар без двоумење им се придружил на навивачите, кои заедно скокале, пееле и навивале, а веселбата завршила со заеднички фотографии и многу насмевки.

Видеата од оваа необична средба брзо се проширија на социјалните мрежи и освоија симпатии ширум светот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Philadelphia Union (@philaunion)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBC News (@nbcnews)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CBS Sports Golazo (@cbssportsgolazo)

Но, приказната не заврши тука.

Токму инспирирана од овој несекојдневен момент, Хрватската туристичка заедница, во соработка со навивачкиот клуб Croatian Fans Embassy – We Croats (Mi Hrvati) и Игор Чавловиќ, одлучи да ги покани Ештон и Зак на брачно патување во Хрватска.

Младенците со големо воодушевување ја прифатиле поканата, а деталите за нивното патување и престој во хрватските туристички дестинации ќе бидат објавени наскоро.

„Ештон и Зак, добредојдовте во Хрватска, земјата со големо срце“ – порачаа од Хрватската туристичка заедница.

Tags
свадба

Најнови

  • Мајка почина штитејќи ја ќеркичката во земјотресот во Венецуела, сопругот неутешен: „Срцето ми е скршено на илјада парчиња“

    Wed, 07/01/2026 - 13:41
  • Шокантно врсничко насилство во Аеродром: Девојче на колена моли да престанат да го тепаат, јавноста бара итна реакција

    Wed, 07/01/2026 - 12:48
  • Хрватски навивачи „упаднаа“ на свадбена фотосесија во Филаделфија и ги „заразија“ младенците со еуфорија

    Wed, 07/01/2026 - 11:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.