• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Honey“: Новата колекција на Христијан Младеновски инспирирана од стилот во 20-тите години

26 март 2021, 12:30
  • cподели

Христијан Младеновски креираше нова модна колекција. При осмислувањето на модните парчиња, младиот македонски дизајнер се инспираше од стилот од 20-тите години од минатиот век.

„Оваа колекција е родена од носталгичен копнеж за минато време. Поточно, колекцијата се базира на инспирација од стилот Арт Нову, кој се ширел во текот на 1920-тите. Колекцијата е составена од машка и женска облека во која одредени парчиња симболизираат слобода на движење, сексуална ориентација, ноќен живот и други слични карактеристики на бурните 20-ти“– вели Младеновски.

Honey колекција Honey колекција Honey колекција

Користените материјали доаѓаат од природни и синтетички потекла, со посебен акцент на додатоците, како еден од најистакнатите трендови на Арт Деко. Секоја од присутните бои носи одредена симболика. Црното претставува закана, мистерија и раскош. Црвената боја претставува љубов, страст и бес. Браун симболизира сериозност, топлина и поддршка. Од друга страна, портокаловата се залага за привлечност и нагласување на жедта. Силуетата „I“, карактеристична за 20-тите години, зазема централно место во рамките на колекцијата. Истото важи и за обликот на машкиот костум.

Honey колекција Honey колекција Honey колекција

Женскиот накит најчесто се изработувал од бисери за кои се сметало дека симболизираат чистина и луксуз. Сепак, колекцијата содржи и накит од циркон, вклучувајќи метални детали. Друг апсолутен тренд на громогласните или слатките 20-ти години беа чанти и ракавици кои исто така се вклучени во оваа колекција. Покрај тоа, зборот „HONEY “ многу често се користел меѓу паровите во дваесеттите години на минатиот век. Сепак, овој збор е исто така многу репрезентативен за самиот временски период. Во текот на дваесеттите години на минатиот век, луѓето поседувале хедонистички пристап кон животот, при што сè изгледало дека е медено и слатко.

Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција

Придружниот моден едиторијал го носи истото име, HONEY, кој како резултат на соработката помеѓу фотографот Стефан Соколовски и модниот дизајнер Христијан Младеновски, кој се става себеси во автореферентен систем како модел, ја претставува атмосферата на 20-тите.

Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција Honey колекција
Tags
Христијан Младеновски
македонски дизајнери

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.