• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Холивудскиот филм „Пајни: Oсамената елка“ на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“ со премиера во Лос Анџелес

31 октомври 2019, 10:32
  • cподели

Анимираната приказна „Пајни: осамената елка“ на која работеше македонската компанија „В Хаус Анимејш“ по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, ќе ја има својата светска премиера на трети ноември (недела) во Лос Анџелес. Комплетната анимација, продукција и пост-продукција на ова остварување беше работена девет месеци од тим од 60 артисти/цртачи и аниматори.

Пајни: осамената елка

Гласовите на ликовите им припаѓаат на реномираните актери: Џонатан Прајс (познат по улогите во „Игра на тронови“, „Сопругата“, „Пиратите од Карибите“), Сајмон Пег (улоги во серијалот филмови „Невозможна мисија“, „Ѕвездени патеки“, анимираниот „Ајс Ејџ“) и Џејсон Ентони („Дневниците на Нарнија“, „Филмот за лего“, „Хари Потер“).

Приказната во „Пајни: осамената елка“ го следи необичното пријателство на 9-годишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни за која девојчето се грижи со години. Кога Пајни по грешка ќе биде ставен во следната празнична пратка, Џорџи и нејзиниот дедо ги поминуваат сите места со новогодишни елки, во обид да го најдат Пајни пред празниците да завршат. Следејќи го Пајни низ неговото невообичаено патување, неговите надежи, сонови и разочарувања, приказната го поставува прашањето: „што доколку новогодишната елка не стигне во својот дом за празниците?“

„Пајни: осамената елка“ е со времетраење од 25 минути и влегува во категоријата кратки анимирани филмови. Ова е голем успех за македонската компанија, која постои 10 години и која веќе има солидно портфолио од сферата на анимираниот филм (http://www.vhouseanimation.com/).

Премиерата на филмот на црвениот тепих во Холивуд, е потврда за квалитетот кој македонската компанија ја става на рамниште со светските анимациски студија од целиот свет.

Видео трејлер за „Пајни: Осамената елка“:

Детали за екипата на филмот на IMDB:

https://www.imdb.com/title/tt11068238/?ref_=fn_al_tt_1
Tags
Пајни: осамената елка

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.