Јута Лердам го доживеа најголемиот момент во својата кариера, освојувајќи златен медал на 1.000 метри на Зимските олимписки игри.
27-годишната холандска убавица не само што се искачи на највисокото скалило на подиумот, туку постави и нов олимписки рекорд, а победата ја дочека со силни емоции.
По завршувањето на трката, емоциите ја совладаа Лердам, која со солзи во очите ја прослави историската победа. На социјалните мрежи кратко напиша: „Штипнете ме“, не можејќи да поверува во остварениот сон.
Посебно внимание привлече и реакцијата на нејзиниот вереник, познатиот инфлуенсер и боксер Џејк Пол. Тој од трибините со солзи радосници ја следеше трката, а по победата, не ја криеше гордоста и среќата, прегрнувајќи ги членовите на тимот и аплаудирајќи ѝ со насолзени очи.
Снимките од неговата емотивна реакција брзо станаа вирален хит.
Јута и Џеј се верија во март 2025 година.