Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ официјално го објави својот прв студиски албум насловен „Ja za čuda letim“, носејќи ѝ на публиката вистинско летно музичко освежување.
На албумот се сместени вкупно 10 песни. Покрај веќе познатите и претходно објавени хитови „Ja volim“ и „Polje ruža“, Јаков денес го исполнува своето ветување и нè чести со дури три нови романтични видеозаписи.
Na mjestu mom
Voljela bi to
4 laste
Со овој голем музички чекор, Јозиновиќ им испрати и кратка, но јасна порака на сите оние кои со месеци го критикуваа дека на своите концерти изведува исклучиво туѓи песни.
Критичарите сега остануваат без аргументи, а самиот Јаков на својот Instagram профил симпатично порача: „Јас кога сфаќам дека албумот ќе излезе за половина час и ќе престанам да бидам само cover пејач“.