• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Хит текст посветен на сите мајки кои „не работат“ за да се грижат за семејството

9 јануари 2017, 13:55
  • cподели

Мајка на две деца им возврати на сите оние кои ги прашуваат жените кои немаат работа „Што правиш по цел ден?“, а нејзиниот текст стана вистински хит на Facebook.

Ришел Кеселбери го напишала текстот во чест на сите жени кои им го посветиле животот на семејството. Досега нејзината објава има повеќе од 645 илјади лајкови и речиси 310 илјади споделувања.

Прочитајте го нејзиниот текст:

Мајка

Мојата сопруга не работи

Разговор помеѓу сопруг и психолог:

Психологот: Што работите г. Роџерс?

Сопругот: Сметководител сум во банка.

Психологот: А вашата сопруга?

Сопругот: Таа не работи. Домаќинка е.

Психологот: Кој прави појадок за вашето семејство?

Сопругот: Мојата сопруга, бидејќи таа не работи.

Психологот: Кога се буди вашата сопруга?

Сопругот: Се буди рано, бидејќи мора да се организира. Таа им подготвува ручек на децата, се погрижува тие да бидат добро облечени и исчешлани, да појадуваат, да ги измијат своите заби и да ги земат сите неопходни нешта за на училиште. Се буди заедно со бебето, му ги менува пелените и облеката. Дои и исто така подготвува ужина.

Психологот: Како одат вашите деца на училиште?

Сопругот: Мојата сопруга ги носи, бидејќи таа не работи.

Психологот: Откако ќе ги однесе на училиште, што прави вашата сопруга?

Сопругот: Обично размислува што може да направи додека е излезена, на пример да ги плати сметките или да испазари во супермаркет за да не мора да го распакува транспортерот повеќепати. Понекогаш ќе заборави нешто, па мора повторно да излегува, носејќи го бебето со себе. Откако ќе се врати дома, мора да му даде на бебето да руча и повторно го дои, му ги менува пелените и го подготвува за спиење, ја расчистува кујната и се погрижува за валканата облека, а потоа ја чисти куќата. Па знаете, таа нема работа.

Психологот: Навечер, откако ќе се вратите од работа, што правите?

Сопругот: Се одмарам, се разбира. Уморен сум од работата во банката цел ден.

Психологот: Што прави вашата сопруга навечер?

Сопругот: Прави вечера, им поставува на децата да јадат, ги мие чиниите, уште еднаш ја подредува куќата, ги прибира кучето и остатоците од вечерата. Откако ќе им помогне на децата со домашната работа, ги подготвува за спиење, а на бебето му менува нова пелена, му дава топло млеко и проверува дали децата си ги измиле забите. По легнувањето, неколкупати станува за да продолжи да дои и ако е потребно менува пелени додека ние спиеме. Бидејќи таа не треба да станува за да оди на работа.

***

Ова е секојдневието на многу жени низ светот, започнува наутро и продолжува до доцна во ноќта... Се нарекува „не работи“?!

Некој ја запраша...

Вие сте жена која работи или сте само „домаќинка“??

Таа одговори:

Работам како домаќинка, 24 часа на ден...

Јас сум мајка,

Јас сум жена,

Јас сум ќерка,

Јас сум аларм,

Јас сум готвачка,

Јас сум слугинка,

Јас сум господарка,

Јас сум келнерка,

Јас сум бебиситерка,

Јас сум медицинска сестра,

Јас сум хаусмајстор,

Јас сум обезбедување,

Јас сум советник,

Јас сум утешител,

Јас немам одмор,

Јас немам право на боледување,

Јас немам слободен ден,

Работам деноноќно,

Јас сум постојано на должност,

Јас не земам плата и...

...покрај тоа, често го слушам прашањето: „А што правиш по цел ден?“

Посветено на сите жени, кои ги даваат своите животи за доброто на нивните семејства.

Жената е како сол: Нејзиното присуство не се памети, но нејзиното отсуство прави сè безвкусно.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.