По шест години живот во Калифорнија, принцот Хари и Меган Маркл донесоа голема одлука да се вратат во Велика Британија на подолг период.
Војводата и војвотката од Сасекс, заедно со нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, ќе имаат свој приватен дом, а ќе ги задржат и домовите во Монтесито, Калифорнија и Португалија.
Се очекува 7-годишниот Арчи и 5-годишната Лилибет да започнат да одат на училиште во Британија во септември.
Локацијата на новиот дом, како и училиштето во кое ќе учат децата, засега се чуваат во строга тајност.
Сепак, нивното враќање не значи и враќање кон официјалните кралски должности.
Одлуката доаѓа само неколку недели по посетата на земјата од Хари, Меган и децата. Тогаш Арчи и Лилибет за првпат по повеќе од 4 години се сретнаа со нивниот дедо, кралот Чарлс.
Хари и Меган ја напуштија Британија во 2020 година, откако се повлекоа од кралските должности и започнаа нов живот во САД. Фамозното интервју со Опра Винфри, документарната серија на Netflix и мемоарите на Хари насловени „Spare“ дополнително ги продлабочија несогласувањата со кралското семејство.
На социјалните мрежи мислењата за враќањето се поделени. Додека едни им посакуваат добредојде и сметаат дека децата треба да имаат можност да растат поблиску до своето семејство, други не ја кријат својата скептичност.
„Мислев дека избегаа од Британија бидејќи таму им беше ужасно“, „Дали конечно им се потрошија парите?“, „Не се добредојдени“, „Мислам дека причината е што нема да плаќаат даноци“ – се меѓу коментарите.
Дел од корисниците застанаа на нивна страна и порачаа дека Хари и Меган никогаш не ја напаѓале Британија, туку медиумите и начинот на кој биле третирани.