• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

20 септември 2018, 08:21
  • cподели

Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното партнерство за годинешното издание на фестивалот.

Имено, на 39-тото издание на „Браќа Манаки“, Халкбанк за првпат се јавува како ексклузивен „Платинум партнер“, сакајќи да оддаде почит на филмската уметност, на кинематограферите и на сите филмски работници воопшто, а во насока на најновата корпоративна платформа на Банката „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец, градејќи и негувајќи долгорочни односи со своите корисници и со севкупната заедница.

Халкбанк и Браќа Манаки

„Како прв и најстар филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, ИФФК ‚Браќа Манаки‛ несомнено е врвен културен настан кој стои рамо до рамо со огромниот број светски филмски фестивали. Ние како компанија отсекогаш сме ја препознавале важноста на филмографијата и, воопшто, на севкупната македонска култура, па оттука нашата поддршка на годинешното издание на фестивалот е искрена и истовремено во согласност со нашата корпоративна платформа, која нѐ позиционира како ‚банка на сите луѓе‛. Ни претставува огромна чест што заедно со ‚Манаки‛ имаме прилика да ја пренесеме пораката дека вистинските културни вредности се навистина важни и треба долгорочно да се негуваат“ – изјави Маја Наумовска од Дирекцијата за односи со јавноста во Халкбанк.

Од ИФФК „Браќа Манаки“, пак, истакнаа дека задоволството е обострано, особено кога се работи со општествено одговорни компании кои искрено го сакаат филмот и даваат несебична поддршка со цел што подолго да го зачуваме најстариот фестивал, кој и како земја нѐ позиционира високо на светската културна мапа.

„Во Халкбанк препознавме вистински достоен партнер кој искрено верува во значењето на филмската уметност и традицијата и автентичноста на ‚Браќа Манаки‛. Сакам да изразам голема благодарност до целиот нивни тим кој посветено нѐ следеше на сите прес-конференции и се надевам дека тие ќе останат со нас подолго време и заедно ќе ја негуваме љубовта кон филмот и ќе придонесеме кон уште поголема промоција на филмската индустрија во Македонија“ – изјави Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Инаку, 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува традиционално во Битола, во Центарот за култура, од 22 до 29 септември, а годинешното мото гласи „HATS OFF” или „Симнуваме капа“, во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите и кон сите филмски работници воопшто, кон градот Битола и кон публиката.

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.