Хајди Клум во две креации од Ели Сааб на постоскаровските забави со свршеникот Том Каулиц
Хајди Клум му го довери својот изглед на Ели Сааб за постоскаровските забави на кои беше придружувана од свршеникот Том Каулиц. На настаните организирани од Елтон Џон и Vanity Fair, 45-годишниот модел блесна во две гламурозни креации од либанскиот дизајнер.
Клум избра златно-црн фустан од колекцијата висока мода за сезоната есен/зима 2016 на Ели Сааб за забавата организирана од Елтон Џон. Својот изглед, таа го надополни со сандали од Стјуарт Вајцман, накит од Лорејн Шварц и чантичка од Џими Чу.
Од 1993 година па наваму, 71-годишниот Елтон Џон организира добротворна ВИП забава на која се гледа директен пренос на Оскарите. Целта е собирање средства за борба против СИДА.
Хајди беше облечена во краток црн фустан со впечатлив заден дел од колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2018 на Сааб за постоскаровската забава на Vanity Fair. И повторно, накитот беше со потпис на Лорејн Шварц.
