Хајди Клум со сопругот Том поттикнаа шпекулации за бременост додека си разменуваа нежности во Венеција
Хајди Клум и Том Каулиц им се одушевуваа на убавините на Венеција.
50-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret и 33-годишниот музичар беа „уловени“ од папараците додека го разгледуваа убавиот италијански град. Парот си разменуваше нежности и изгледаше заљубено и среќно. Хајди носеше црна модна комбинација и чадор за да се заштити од сонцето.
На дел од фотографиите, Том ѝ го гали стомачето на Хајди, па започнаа да се шират шпекулации дека таа е бремена.
Убавата манекенка има четири деца, а две од нив беа на патувањето заедно со неа.
