• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Gyro House пристигна во Битола – Ланецот расте, четврт ресторан во Македонија и тоа во срцето на Битола

1 октомври 2026, 15:45
  • cподели

Gyro House продолжува со експанзијата во Македонија и од денес официјално е присутен и во Битола. Новиот ресторан, четврти по ред во Македонија, е отворен на Плоштад Магнолија, во самиот центар на Битола.

Gyro House во Битола

Со отворањето на Gyro House Bitola, брендот го носи своето препознатливо гастрономско искуство и во еден од најзначајните урбани центри во Македонија, на најпознатата улица во Македонија „Широк Сокак“ комбинирајќи го добро познатиот вкус со современа технологија, автоматизација и модерно корисничко искуство.

Новиот ресторан воведува self-service каси за самостојно нарачување, како и роботизирани процеси во кујната за подготовка на гиро, со цел побрза услуга, поголема ефикасност и поконзистентен процес на подготовка.

Во новата локација е ангажиран и стручен тим од 10 лица, со што инвестицијата во Битола, покрај проширувањето на брендот, придонесува и за отворање нови работни места.

„Отворањето во Битола е важен чекор во развојот на Gyro House. Со нашиот четврти ресторан продолжуваме да инвестираме во нови локации, современа технологија и луѓе. Нашата цел е на секоја локација да понудиме исто препознатливо Gyro House искуство – квалитетен производ, брза услуга и место каде гостите со задоволство ќе се враќаат“, велат од Gyro House.

Gyro House во Битола

Дополнителен визуелен печат на новиот ресторан му дава авторски дизајнираниот мурал посветен на Битола, креиран специјално од тимот на Gyro House. Во него се интегрирани дел од најпрепознатливите симболи и знаменитости на градот: Хераклеја, битолската Саат-кула, Широк Сокак, црквата „Св. Димитрија“, споменикот на Филип II и врвот на Пелистер. Муралот е современа визуелна интерпретација на локалниот идентитет, создадена како уникатен дел од ентериерот и концептот на ресторанот – пристап што внесува локална приказна, почит кон Градот и граѓаните на Битола и карактер во fast-food просторот на начин кој ретко се среќава во овој сегмент на пазарот!

Gyro House во Битола
Gyro House во Битола

Во понудата на Gyro House Bitola се добро познатите свинско/пилешко гиро, препознатливото огромно XXL гиро, wrap-ови, nuggets, onion rings, помфрит, пијалоци и други производи од редовното мени на брендот.

По повод отворањето, од 1 до 10 октомври во Gyro House Bitola важи и специјална 3+1 промоција – со купување три гира, четвртото се добива гратис.

Ресторанот е отворен секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а за оние кои сакаат Gyro House вкус во својот дом, достапна е и достава преку Wolt.

Gyro House Bitola – Плоштад Магнолија - Нарачки и информации: 070 372 300

Со новата локација, Gyro House ја продолжува својата приказна на раст и развој, а пораката кон битолчани е едноставна: „Битола, време е за вистинско гиро!“

Gyro House во Битола
Gyro House во Битола
Tags
Gyro House

Најнови

  • Gyro House Bitola

    Gyro House пристигна во Битола – Ланецот расте, четврт ресторан во Македонија и тоа во срцето на Битола

    Thu, 10/01/2026 - 15:45
  • Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    Thu, 10/01/2026 - 15:38
  • Gorenje ја претставува NEO серијата – нов стандард во безжичното чистење

    Thu, 10/01/2026 - 14:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.