• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Граѓани и бизниси донираа вредност од над 2 милиони денари во кампањата „Денови за донирање” и успешно го оформија првиот донаторски фонд

4 декември 2023, 18:03
  • cподели

Во рамки на проектот Партнерства за донирање, изминатите два месеца се одржуваше националната кампања „Денови за донирање“. Оваа кампања поддржа 31 непрофитна организација и вклучи 50 бизниси и се донираше 2.017.212 денари во финансиски средства, добра и услуги и волонтерски труд. Ова му овозможи на тимот на Конект да го формира првиот донаторски фонд во земјата. Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања од ваков вид и заеднички создаде можности секој граѓанин и компанија да вложат во подобра иднина во нашата земја.

Како заокружување на целата оваа манифестација беше организиран завршниот настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија.

Денови за донирање

По тој повод директорката на УСАИД во Северна Македонија, г-а Џери Дајбл истакна: „Поттикнувањето на домашните капацитети за унапредување на социјалната и економската стабилност на земјата во мултиетничката демократија е приоритет за Соединетите Американски Држави. Ја гледаме вредноста и повратот на инвестицијата во ова додека соработуваме со вас за да негуваме култура на дарување и да поттикнуваме акции и инвестиции на ниво на заедницата. Ние навистина веруваме дека ангажираната филантропија е од витално значење за унапредување на демократските вредности.”

Оваа прилика беше искористена за да им се дадат признанија и благодарници на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите кои несебично ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да се отпочне првиот Донаторски фонд во нашата земја.

Денови за донирање

„Успехот на оваа кампања „Денови за донирање“ не би бил можен без несебичната поддршка на донаторите. Го формиравме првиот филантропски фонд каде се здружуваат донациите на граѓаните и бизнисите за да ги поддржат непрофитните организации што го менуваат животот во нашите заедници”, истакна извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД Партнерства за донирање спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Tags
Денови за донирање

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.