„Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана
Македонија е завиена во тага по трагедијата во Тафталиџе, во која згаснаа животите на млада мајка и нејзината 6-годишна ќерка.
Случајот ја потресе целата јавност, а болката е уште поголема поради фактот за континуирано семејно насилство и институционално непостапување. Додека истрагата е во тек и институциите најавуваат повеќе детали, граѓаните со тага, гнев и солидарност се простуваат од Ивана и Катја.
Габриела Јаковска напиша песна која крши срца и несомнено ќе допре до секого.
💔🕊️🕊️🕊️За Ивана и Катја!🕊️🕊️🕊️💔
Летај горе малечка
Таму облачињата се меки,
не се како тупаницата на “тато”.Таму никој не вика,
не ја крши тишината.
Таму вратите не се тресат.Трчај горе малечка,
трчај со боси ножиња,
нека те гали тревата од светлина.Рашири ги рачињата
нека ветрот ти биде прегратка
каква што чекаше со години.Смеј се гласно, најгласно
нека те чуе сиот универзум
кога ние не те чувме на време.Спиј си мирно пиленце,
без треперење под ќебето,
без страв дека ноќта ќе заболи.А некаде во таа светлина,
раце полни топлина,
засолниште ти се.Леткај горе малечка,
горе нема удари.
Горе се е меко….
горе конечно си дете…Таму мама ќе те бакнува,
без солзи, без страв, без темнина…За Ивана и Катја.💔💔🕊️🕊️🕊️