• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Големите приказни на малите херои: БЕКУТАН Конференција на Светскиот ден на предвремено родени бебиња

18 ноември 2025, 13:05
  • cподели

Преку искрени сведоштва и инспиративни разовори, експерти, родители и јавни личности испратија единствена порака: грижата за предвремено родените бебиња не е само медицински процес - тоа е животна мисија исполнета со храброст, надеж и безрезервна љубов.

Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња.

„Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински херои“, изјави д-р Станка Танчева-Крстевска, специјалист педијатар. Настанот поттикна конструктивни дискусии за современите пристапи во неонаталната нега и за реалните предизвици со кои се соочуваат родителите и експертите при грижата за прематурните новороденчиња.

Големите приказни на малите хероиа Големите приказни на малите хероиа

Првиот панел од конференцијата, модериран од прим. д-р Марина Поп Лазарова, ги потенцираше актуелните медицински сознанија во неонатологијата и важноста на мултидисциплинарниот пристап во грижата за предвремено родените бебиња. Експертите од областа – проф. д-р Катерина Дамевска, д-р Симонида Спасеска и проф. д-р Силвана Наунова-Тимовска – беа едногласни: најсилна поддршка за предвремено родените бебиња е мајчинската љубов, која носи стабилност, топлина, сигурност и природен мир.

Големите приказни на малите хероиа Големите приказни на малите хероиа

„Современата медицина многу ни помага, но најсилен ефект кај предвремено родените бебиња има контактот кожа на кожа. Тој ја зајакнува врската мајка–дете и ги стабилизира виталните параметри. Мајчината љубов е вистински лек“, нагласи проф. д-р Наунова-Тимовска.

Зад секое предвремено родено бебе, стојат милиони предизвици, безброј непроспиени ноќи и голем број неизвесности, но и силна мрежа од љубов, верба и посветеност, која го претвора секој мал чекор напред во голема победа, едногласно заклучија панелистите/родителите на прематурчиња Маја Кикириткова, Горан Папаз и доц. д-р Игор Исјановски на панелот модериран од д-р Станка Танчева-Крстевска.

Големите приказни на малите хероиа

„Излегов од болница сама, со празни раце, додека другите мајки си заминуваа со своите бебиња. Тоа чувство не се заборава“, изјави Маја Кикириткова, мајка која двапати ја поминала тешката, но храбра патека на предвременото породување. Синот на Маја, Лазар, поминал 40 дена во инкубатор, а ќерката Ева по раѓањето била 8 дена на опсервација. „Овие мали борци се борат секоја секунда. Верувам дека таа борба ќе ги направи силни низ целиот живот“, порача Кикириткова, испраќајќи недвосмислена поддршка до сите родители кои поминуваат низ слични ситуации.

Големите приказни на малите хероиа

Охрабрувачка порака исполнета со надеж испрати и панелистот доц. д-р Игор Исјановски, кој бил роден во 28. недела од бременоста, со 900 грама телесна тежина, а кој денес е доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

За улогата на таткото во семејствата со прематурни новороденчиња говореше и Горан Папаз, татко на четири деца, од кои три се предвремено родени, кој посочи: „Татковците треба рамноправно да учествуваат во растењето на децата. Тоа не е помош, туку одговорност еднаква на онаа на мајката.“

Како бренд со речиси пет децении традиција во хигиената и негата на детската кожа, Бекутан останува посветен и сигурен сојузник на родителите и на експертите во грижата за најмалите уште од првиот ден по нивното раѓање. Оваа година брендот континуирано обезбедува резерви од кремот Becutan Sensitive SOS во пет родилни центри, каде што под строг медицински надзор повторно се потврдени неговата безбедност и ефикасност во негата на најчувствителната кожа.

Големите приказни на малите хероиа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.