Голема торта, мечиња и балони: Фахрие Евџен и Бурак Озчивит го прославија првиот роденден на синчето Керем
Керем Озчивит наполни една година.
Второто синче на турските актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит ја дувна првата роденденска свеќичка покрај родителите и братот Каран. На фотографиите, атрактивната Турчинка, позната по улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“, го држи слаткиот славеник во рацете.
Керем наполни една година на 18 јануари, а славниот пар веднаш му направи профил на Instagram.