• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Голема бела ајкула за првпат снимена под вода во Медитеранот

8 јуни 2026, 13:19
  • cподели
Ајкула

За првпат во историјата, возрасна голема бела ајкула е снимена под вода во нејзиното природно живеалиште во Средоземно Море.

Фасцинантниот момент беше документиран од волонтери на невладината организација „Healthy Seas“, кои во тој момент работеле на чистење на напуштени рибарски мрежи во близина на потонат брод. Експедицијата се одвивала во Сицилијанскиот Проток, поточно на отворено море помеѓу Тунис и Сицилија.

Нуркачот Дерк Ремерс, кој успеал да го улови овој историски кадар, не ја криеше својата возбуда пред медиумите:

„Статистички гледано, многу поголема е веројатноста да го добиете џекпотот на лотарија, отколку да сретнете вакво иконско животно под вода. Поминувате децении нуркајќи по остатоци од бродови и отстранувајќи мрежи, но ништо не може да ве подготви за ваков момент. Прстите ми трепереа додека се обидував да ја вклучам камерата.“

Видео

Иако големите бели ајкули низ годините ретко биле забележувани на самата површина на Медитеранот, ова е прво видео на кое е прикажан мажјак во природната средина.

Научниците нагласуваат дека нема простор за загриженост кај туристите и капачите, бидејќи единката била забележана на голема оддалеченост од брегот, длабоко во отворено море.

Tags
Медитеран
ајкула

Најнови

  • Електрични тротинети Xiaomi

    Слободата на движење започнува овде: серијата Xiaomi Scooter 6 носи нова димензија на градското возење

    Mon, 06/08/2026 - 14:27
  • Земјотрес на Филипини

    Паника, деца во солзи, рушење на згради... застрашувачки видеа од разорниот земјотрес на Филипини кој одзеде најмалку 32 животи

    Mon, 06/08/2026 - 13:59
  • Ајкула

    Голема бела ајкула за првпат снимена под вода во Медитеранот

    Mon, 06/08/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.