• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Голем хуманитарен гурмански пинкник во Скопје

4 јуни 2016, 10:00
  • cподели

Во недела, 5 јуни, со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје, зад споменикот Гоце Делчев, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора Македонија организира голем хуманитарен пикник.

„Светскиот пикник“ се организира по повод 10 годишнината од постоењето на Советот, и со таа цел странските инвеститори во Македонија ќе се обидат да претстават дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Хуманитарен пикник

Странските инвеститори при Советот кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија ќе се обидат да приредат вистинско гастрономско патување на посетителите во Градскиот парк.

Настанот е отворен за сите посетители, а поради хуманитарниот карактер на настанот, храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари.

Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни игри.

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.