„Годината кога таа стана Мис, јас продавав книги на плоштад“: Слаткар за бракот со Сања Николиќ и семејните вредности
Марко Маринковиќ-Слаткар деновиве гостуваше во повеќе емисии, меѓу кои и „Равенка за успех“, во која зборуваше на повеќе теми од личниот и професионалниот живот.
Низ разговорот со водителката Маја Поцевска, популарниот рапер се отвори за животот со Сања Николиќ со која, како што кажува, се многу различни, но имаат исти морални вредности.
Македонскиот музичар изјави дека пред да одлучат да стапат во брак, три години живееле заедно и веќе биле навикнати еден на друг. Денес, тие се родители на шестгодишниот Моша.
Јас и Сања бевме заедно пред тоа три години или нешто така. Веќе живеевме заедно три години, бевме навикнати, јас бев навикнат на неа, таа на мене. Пред да се земеш, пробај да живееш со некој. Ние бевме веќе решени дека тоа е тоа. Веројатно влетав во тие години, можеби и не самите години, туку кога ќе ти влета некој со кого веднаш ќе кликнеш. И тоа јас мислам дека е некаква судбина.
Јас ниту сум ја барал, ниту таа ме барала, туку едноставно сме се споиле. Ние сме тотално различни, ама имаме исти домашни морални вредности. Мислам дека тоа е основата на секоја заедница.
Ние имаме голема разлика во оние класни разлики и слично. Јас сум растел во Ново лисиче во гето, а таа на Водно. Тоа е огромна разлика, но сме имале слично или исто домашно воспитување и исти морални вредности. И верувам дека тоа е основата на секој долготраен однос.
Мислам дека таа година кога таа станува Мис, јас продавам книги на плоштад. Никогаш човек не знае каде може да го однесе животот. Кога ќе кликнеш со некого, знаеш дека е кликнато. Нормално, ни еден однос, ни една врска не е совршенство без мани, но верувам дека љубовта и оние основни домашни морални вредности се главната нишка на која може да издржи секој ланец, под било каков притисок.
Истото би го направил јас, истото би го направила таа за идентична работа, а сме вака приватно многу различни. Но, за тоа што е основа, сме многу исти.
„Таа не сака повеќе да се бави со јавна работа, но малку се зезна што зеде маж што се бави со јавна работа“ – се пошегува Слаткар подоцна.
Погледнете го видеото:
Слаткар и Сања стапија во брак во 2014 година.