• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Гоца Тржан која со години се бори со неплодноста: „Ако постои опција за сурогат-мајка, би ја искористила“

26 декември 2023, 12:21
  • cподели

Гоца Тржан отсекогаш отворено зборувала за големата желба да добие дете со сопругот Раша Новаковиќ.

49-годишната пејачка не ја крие својата борба со неплодноста и без задршки зборува за неуспешните постапки за вонтелесно оплодување.

Гоца, која од 2015 година е во брак со 14 години помладиот Раша, тврди дека се во среќен брак и дека тој е нејзината вистинска љубов. Иако има една ќерка од претходниот брак, Тржан е категорична дека со Раша посакуваат да имаат свое дете.

Гоца Тржан Гоца Тржан

Откако одекна веста дека Марија Шерифовиќ стана мајка со помош на сурогат, Гоца зборуваше за тој метод да добие свое дете.

„Ако постои, сега во овие години, со задоволство би ја искористила. Тоа постои само во Америка, постои со години, само мора правно да се заштити и сурогат-мајка и оној кој го плаќа тоа сурогат-мајчинство и тоа правно е многу строго и тешко е да се направат такви закони, така што кај нас... Да се разбереме, да бидеме реални, некогаш во дамнешни времиња, знаеше да се случи жена која не може да роди да се договори со сестра си, па сестра ѝ да ѝ роди дете. Тоа се случувало многупати во историјата, така што тоа постои, некогаш не се плаќаше. Некогаш се правеше од срце, сега се плаќа и тоа е тоа“ – рекла Гоца за Скандал, а пренесе српскиот Блиц.

Гоца Тржан

Во една прилика Гоца призна дека е свесна колку се мали шансите да има свое биолошко дете со Раша поради нејзината возраст.

„Тешко е по 40-тата година. Додека сме живи, Раша и јас ќе посакуваме да имаме дете, тоа е нормално, природно, човечки. Многу мал е процентот за успешност во овие години, дури е едноцифрен. Јас сум во сè реална, ако еден ден Раша посака да замине затоа што немаме деца, јас немам право да му се лутам за тоа. Природно е да сака да биде биолошки татко, немам право тоа на некого да му го скратувам. Сето тоа е живот“ – рекла таа.

Пред два месеци, во емисијата „На терапија“, Тржан зборуваше за огромната љубов на Раша кон неа и го сподели најубавото нешто што тој ѝ го има речено досега.

Гоца Тржан Гоца Тржан

„Кога се вративме од Прага и кога претпоследниот пат не ни успеа вонтелесното оплодување, тој ми рече: ‘Баш ми е гајле дали ќе имам свое биолошко дете. Најважни сме јас и ти. И Лена, која денес има 15 години, еден ден ќе нè остави и ќе оди по свој пат и детето ако го добиеме, ќе замине и ќе нè остави. Јас не сакам да те изгубам тебе. Луѓето не сфаќаат колку е покомплицирано и потешко да се биде небиолошки татко отколку биолошки татко. Јас секогаш со гордост можам да кажам дека сум повеќе татко од сите оние кои ги направиле своите деца’“ – рекла таа.

Гоца Тржан Гоца Тржан
Tags
Гоца Тржан

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.