• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Гоца Тржан искрено за борбата да има уште едно дете: „Не би се лутела ако Раша се предомисли и посака дете со друга жена“

30 јануари 2026, 12:55
  • cподели

Пејачката Гоца Тржан во едно од своите најемотивни интервјуа досега отворено проговори за животните предизвици, мајчинството и долгогодишната борба да има уште едно дете со вториот сопруг Радомир Новаковиќ. Во искрена исповед за zena.rs, таа ја раскажа својата приказна.

Голем дел од разговорот беше посветен и на нејзиниот брак со 14 години помладиот сопруг Раша. Таа го опиша како своја најголема поддршка во тешките години додека неуспешно се обидувале да добијат заедничко дете. Иако е свесна колку голема среќничка е покрај него, вели дека не би се лутела ако Раша одлучи дека сака да се разделат за да има дете со друга жена.

„Не би се лутела ако Раша се предомисли и посака дете со друга жена“ – искрено призна таа, бидејќи љубовта понекогаш значи и да му дозволиш на другиот да го оствари она што ти не можеш да му го дадеш.

Секогаш ќе постои тој страв, а што ако се предомисли? Јас немам страв, но тоа е секогаш прашање кое постои затоа што тој секогаш има право да се предомисли. Никогаш не би се лутела ако се предомисли. Тоа е единствениот проблем во разликата во години, ништо друго не е проблем. И јас секогаш би го поддржала – рече таа.

Гоца сподели дека со Раша на сите начини пробале да имаат дете кое таа ќе го износи. Размислувале и за посвојување, но поради возраста, законот не им го дозволувал тоа.

Имаме размислувано и за сурогат-мајка и сметам дека жена која е подготвена да го направи тоа за некој друг е нереално благородна. Колку и да чини тоа, не постојат пари кои можат тоа да го платат. Зборувам како некој кој носел дете во својата утроба. Но, за многу жени не постои друго решение освен посвојување.

Да, размислувавме и за посвојување. За жал, ние сме во старосна граница во која законот не ни го дозволува тоа.

Знаеш ли што е човечката природа? Ти цело време очекуваш чудо. Ти до последен момент очекуваш да се случи чудо и затоа не влегуваш во овие процедури во кои можевме да влеземе порано – сподели Тржан.

Сепак, таа призна дека нивна желба била таа самата да го износи нивното заедничко дете.

Нас не ни беше цел да го направиме со сурогат-мајка, туку јас да бидам таа која ќе го износи – рече таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Žena.rs (@zena.rs)

Гоца зборуваше за првиот брак и раѓањето на ќерката Лена, која денес е центарот на нејзиниот свет. Вели дека никоја од нас не може да биде свесна за љубовта на мајките сè додека не го почувствува и самата мајчинството.

Сега, кога мајка ми ќе заплаче, светот ми се распаѓа. Ти дури кога ќе го држиш своето дете во рацете и ќе го гледаш, помислуваш: „Мене мајка ми толку многу ме сакаше“. Ти тоа не го знаеш додека не родиш свое дете. Ти немаш појма колку те сакаше тебе твојата мајка. Немаш појма колку те сакаше и што сè ти ѝ приредуваше. Тоа е природен циклус на животот – рече Гоца.

Tags
Гоца Тржан

Најнови

  • Експертите предлагаат: помалку забрани, повеќе алтернативи во борбата против пушењето

    Tue, 03/17/2026 - 16:42
  • dm Balea

    Што ѝ е потребно на вашата коса секој ден? dm го има одговорот!

    Tue, 03/17/2026 - 16:23
  • Незапирлива и покрај болеста: Селма Блер со бастун на црвениот тепих додека со бори со мултипла склероза

    Tue, 03/17/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.