• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Го најдовме на четири недели во подрум со мајката која користеше наркотици, денес е стипендист во Белград“: Доктор Паскалов со инспиративна приказна

9 јуни 2026, 12:43
  • cподели

Д-р Ѓорги Паскалов неодамна гостуваше во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5, каде што отворено зборуваше за предизвиците во грижата и правилниот развој на децата. 

Меѓу многуте професионални успеси, една приказна која тој ја сподели, допре до срцата на многумина.

Кога беше замолен да издвои случај кој му оставил најголем впечаток, д-р Паскалов со видлива емоција се присети на едно бебе за кое се борел со години:

„Тоа е бебе коешто беше најдено со мајка која користеше наркотици. Го најдовме на четири недели во подрум, заедно со мајка му. Тука ми помогна многу отец Оливер. Секако презедовме мерки согласно Законот, што сè треба да се направи. Денес детето е стипендист во Белград по математика и физика.“

„И кога и да дојде во Скопје, доаѓа да ме види“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija)

Паскалов со гордост додаде дека и мајката успеала да го промени својот живот, денес е добро и работи како хигиеничарка.

Видео од целата емисија:

Д-р Ѓорги Паскалов е еден од најеминентните стручњаци во Македонија во областа на педијатријата и детскиот развој. Преку својот препознатлив хуман пристап и долгогодишна работа, тој посветено им помага на најмладите да ги надминат физичките и социјалните предизвици за да израснат во здрави и успешни личности.

Tags
д-р Ѓорги Паскалов

Најнови

  • „Кога Дамјан ќе каже ‘ме боли главчето’, мама и тато не си го сакаат животот“: Апел за помош на Дамјан кој има тумор на мозок

    Tue, 06/09/2026 - 13:58
  • „Го најдовме на четири недели во подрум со мајката која користеше наркотици, денес е стипендист во Белград“: Доктор Паскалов со инспиративна приказна

    Tue, 06/09/2026 - 12:43
  • Среќа е... Кога дечињата од Африка ќе дознаат дека Шакира ги покани да настапат со неа на полувремето на СП

    Tue, 06/09/2026 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.