• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Го молам Бог да не ги заборавам првите чекори, првата прегратка, слаткиот глас на моите мали деца...“

28 март 2023, 11:08
  • cподели

Родителите честопати знаат да речат дека предизвиците на мајчинството се забораваат откако децата ќе пораснат.

Но, Терин Дрилинг напиша текст во кој објаснува зошто не сака да ги заборави тие моменти и зошто ги смета за свој благослов.

Прочитајте го:

Терин Дрилинг

Боже, те молам не дозволувај да го заборавам нивното растење во мене. Помогни ми да се сеќавам на треперењата кои се претворија во клоцања и чувството на чиста радост и восхитот за секој удар.

Те молам, не дозволувај да го заборавам чувството кога докторот првпат ми ги стави децата на градите. Дај ми јасни спомени во мојот ум за тоа неизмерно чувство на среќа, страв, возбуда и безусловна љубов, споени во едно.

Те молам, не дозволувај да ги заборавам непроспаните ноќи кои се претвораа во изморувачки денови. Помогни ми да се сеќавам на тие поспани прегратки додека моите бебиња беа стуткани безбедно во моите раце.

Те молам, не дозволувај да ги заборавам тие први нестабилни чекори кога моите малечки чекореа од моите раце кон детството. Одржувај го свежо моето сеќавање за постигнувањето и чистата радост која се ширеше на нивните лица поради новопронајдената независност.

Те молам, не дозволувај да го заборавам слаткиот звук на нивните гласови кога ќе речеа: „Добра ноќ, слатки соништа, те сакам“ кога ќе ги покривав навечер. Помогни ми да се сетам на начинот на кој ги обвиваа рацете околу мене и силно ме гушкаа.

Те молам, не дозволувај да ги заборавам возбудата и ентузијазмот за секое ново нешто. Одржувај го свеж споменот за сјајот во нивните очи и брзината на нивните чекори кога ќе трчаа кон новите нешта како да се големи авантури.

Те молам, не дозволувај да ги заборавам сите овие моменти и чувства. Помогни ми да се сеќавам на мајчинството и како тоа ме промени како личност и ме благослови повеќе отколку што можев да поверувам.

Боже, те молам не дозволувај да заборавам.

Tags
мајка
мајчинство

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.