Го доби при афера со чистачката, а тој ги следи неговите стапки: Синот на Арнолд Шварценегер победи на бодибилдинг натпревар
Синот на Арнолд Шварценегер несомнено ги следи неговите стапки.
Џозеф Баена победи на својот прв бодибилдинг натпревар за кој се подготвуваше заедно со својот славен татко.
28-годишниот бодибилдер настапи на престижниот натпревар NPC Natural Colorado State Championships, каде што освои прво место во дури три категории, а второ во една.
Младиот бодибилдер не ја криеше радоста по успехот и објави фотографии на кои позира со медалите и демонстрира одлична физичка форма. 78-годишниот актер активно го советувал и поддржувал во тренинзите.
Инспириран од легендарната кариера на Шварценегер, кој има освоено седум титули на Mr. Olympia, Баена влезе во светот на бодибилдингот и допрва ќе нижи успеси.
Приказната за Џозеф Баена отсекогаш привлекувала внимание. Тој е син на Шварценегер од афера со неговата поранешна домашна помошничка, што во минатото предизвика голем скандал во јавноста.
Иако вистината за неговото татковство излезе на виделина 10 години подоцна, денес тие имаат блиска врска и често тренираат заедно.
Аферата на Арнолд му го уништи бракот со Марија Шрајвер со која има 4 деца. Тие се разведоа во 2011 година по 25 години брак.