• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Гламур и перфекционизам: Моќен DIVA накит кој им е фаворит и на македонските ѕвезди

14 мај 2025, 13:23
  • cподели

Шармантна естетика, суптилна драматичност и прецизно дозирана екстравагантност ја дефинираат ултра модерната колекција накит DIVA, која експоненцијално си ја зголемува мрежата на обожавателки.

Diva маѓепсува со способноста да ве обвие во ореол од софистицирана гламурозност и да ве претвори во ѕвезда која владее со сцената со достоинство на примадона. Така што, не е воопшто изненадување што блескавите обетки, белегзии и ланчиња покоруваат срца, меѓу кои и оние на Викторија Лоба, Кики Мукаетова, Антониа Гиговска и Калиопи.

Македонските ѕвезди го потврдуваат стилскиот диверзитет на колекцијата, инкорпорирајќи го накитот во различни стајлинзи.

Diva Diva Diva

Атрактивната колекција со потпис на италијанскиот бренд Rebecca плени со умерена наметливост и ултимативна отменост. Ефектните вериги со златен и сребрен одблесок се кулминација на италијанската занаетчиска виртуозност и креативна визија. Создадени во срцето на Тоскана, атрактивните парчиња се врвно олицетворение на сè што италијанската јувелирска традиција има да понуди: бескомпромисен перфекционизам, висококвалитетни легури, дизајн со неприкосновена интуиција и емоционален набој.

Независно дали се текстурирани или глатки, со масивни или помали алки, еднобојни или златно-сребрен микс, сите парчиња се креирани за дамите кои знаат дека вистинскиот луксуз никогаш не е гласен, туку длабоко резонирачки, како последен акорд од арија на уникатна приказна.

Преку впечатливите форми и скулптурални линии, Diva си поигрува со геометрија што ја балансира женственоста со архитектонска строгост. Нејзината улога не е само декоративна, туку и комуникативна – искажува став, смелост, слобода и самодоверба. Со сите овие својства, Diva се претвора во моден адут на дамите кои не ги следат кодовите на елеганцијата, туку самите ги пишуваат.

Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva Diva

Diva е достапна во продажните места на Chapter.03 во „Ист Гејт Мол“, „Рамстор“ и „Скопје Сити Мол“. Дознајте повеќе:

Chapter03 Instagram
Chapter03 Facebook

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.