Британското издание на списанието Glamour состави листа на 50 жени со најмногу стил за 2013 година. Втора година по ред титулата Најдобро облечена ѝ припадна на Кристен Стјуарт.
Ѕвездата од „Twilight“ застана пред Ема Вотсон, војвотката Кетрин и Ема Стоун, благодарение на илјадници гласачи.
Уредничките на списанието се согласија со изборот, истакнувајќи дека секој изглед на 22-годишната актерка за црвениот тепих е зачинет со нејзиниот личен рок стил.
Погледнете кои славни лица си обезбедија место на листата.
















































