• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Гинисов рекорд: Мајка донираше 2.600 литри мајчино млеко, доволно за да нахрани 350.000 предвреме родени бебиња

20 ноември 2024, 09:28
  • cподели

Мајка со големо срце се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Алис Оглтри од Тексас има донирано 2.645 литри мајчино млеко, коешто се проценува дека е доволно за да се нахранат 350.000 предвреме родени бебиња.

„Имам големо срце, но не можам да донирам пари во добротворни цели, бидејќи имам семејство кое треба да го издржувам. Но, донирањето млеко отсекогаш ми беше начин да помогнам“ – рекла таа за Гинис.

Алис Оглтри

Алис е мајка на три деца и еднаш има носено дете како сурогат-мајка. 36-годишната Американка започнала да донира во банки за млеко уште по раѓањето на првото дете откако сфатила дека нејзиното тело произведува невообичаено големо количество. Медицинска сестра во болницата каде што се родил нејзиниот син Кајл ѝ рекла дека може да го донира вишокот за мајки кои сакаат да ги хранат бебињата со мајчино млеко, но нивното млеко не им е доволно.

„Кога нашето прво дете Кајл беше во болница, започнав да го полнам фрижидерот на медицинските сестри. Една од сестрите ме праша дали донирам млеко, што дотогаш не знаев дека постои, па така дознав за тоа“.

„Донирав сè што имав на залиха... Тоа е едно од најдобрите чувства на светот“ – рекла таа.

Алис Оглтри

Најголем дел од донацијата на Алис била за Mothers’ Milk Bank во Северен Тексас и за Tiny Treasures во Калифорнија. Од банките за млеко ѝ кажале дека само еден литар мајчино млеко може да помогне да се прехранат 11 предвреме родени бебиња.

„Сум им помогнала на 350.000 бебиња“ – рекла Алис.

Алис Оглтри

И по следните три бремености, Оглтри го направила истото хумано дело. „Бев возбудена за повторното донирање додека го зголемував моето семејство“ – рекла таа.

Ова е вторпат Алис да се запише во Книгата со рекорди. Првиот пат нејзиното име се појави во книгата во 2014 година, кога таа имаше донирано 1.569 литри.

Таа сака да го искористи овој момент на слава за да ја подигне свеста за важноста на донирањето млеко и да потенцира колку жените можат да им помогнат на мајките и нивните бебиња.

Алис нема поставена дијагноза која би ја објаснила нејзината состојба на прекумерна продукција на млеко. Таа верува дека тоа се должи на добрата хидратација и здравата исхрана.

Алис Оглтри

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.