• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ги загуби двата сина, сопругот, братот и мајката во само 7 години: Трагичната приказна на индиската претседателка Друпади Мурму која е во посета на Македонија

21 јули 2026, 15:15
  • cподели

Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, пристигна во официјална посета на Македонија. На Меѓународниот аеродром во Скопје ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а денес оствари средба и со нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. 

Во рамките на оваа значајна дипломатска посета се предвидени средби на највисоко ниво кои треба да дадат нов поттик за унапредување на политичката, економската, образовната и културната соработка меѓу двете земји.

„Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава“ - напиша Сиљановска-Давкова.

Сепак, зад сјајот на моќта и лидерството на најнаселената нација во светот се крие една од најпотресните и истовремено најинспиративните животни приказни меѓу актуелните светски лидери.

Мурму е родена на 20 јуни 1958 година во селото Упарбеда, во индиската сојузна држава Одиша, во семејство од домородниот народ Сантал. Потекнува од семејство на земјоделци во кое нејзиниот татко и дедо биле традиционални селски старешини. Уште на петгодишна возраст заминала на школување во поголем град, а подоцна дипломирала на универзитетот „Rama Devi Women's University“. Со нејзиниот избор за шеф на државата, таа влезе во историјата како првата претседателка на Индија од домородно потекло и најмладата личност која застанала на оваа висока функција.

Амбициозно градеше успешна кариера и во 1980 година се омажи за банкарот Шјам Чаран Мурму, со кого доби три деца (два сина и една ќерка), но нејзиниот приватен живот беше погоден од серија лични загуби. Во период од само седум години (од 2009 до 2015 година), Друпади остана без речиси целото свое најблиско семејство.

Во 2009 година, ненадејно почина нејзиниот поголем син Лакшман на 25-годишна возраст, под мистериозни и неразјаснети околности. Четири години подоцна, во трагична сообраќајна несреќа животот го загуби и помладиот син Сипун (Биринчи), кој имаше само 28 години.

За жал, судбината ѝ донела уште трагедии. Мурму се прости со својот сопруг Шјам Чаран во 2014 година, по повеќе од три децении брачен живот, а во 2015 година починаа и нејзината мајка и нејзиниот брат.

Во само 7 години, Мурму остана без двата сина, сопругот, мајката и братот, трагедија за која подоцна признала дека ја оставила во состојба на длабока депресија и болка.

Во моментите кога размислувала целосно да се повлече од јавниот и политичкиот живот, спас и смиреност пронашла во духовноста. Како долгогодишен следбеник на духовното движење „Брахма Кумарис“, преку интензивна медитација и духовна практика успеала да собере сила за да се издигне над неподносливата болка.

Нејзината истрајност кулминирала во 2022 година, кога беше избрана за 15-ти претседател на Индија.

Денес, нејзина најголема гордост и поддршка се нејзината ќерка Итишри Мурму, која е успешна банкарка, нејзиниот зет Ганеш Хембрам (меѓународен рагби играч) и двете мали внуки Адјашри и Нитјашри.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)

Tags
Друпади Мурму

Најнови

  • Ги загуби двата сина, сопругот, братот и мајката во само 7 години: Трагичната приказна на индиската претседателка Друпади Мурму која е во посета на Македонија

    Tue, 07/21/2026 - 15:15
  • Иднина која инспирира

    „Иднина која инспирира“: dm ќе поддржи најмалку три проекти, а пријавувањето трае до 31 јули

    Tue, 07/21/2026 - 14:32
  • Авантура во Шпанија: Катарина Ивановска згодна во бикини на Ибица

    Tue, 07/21/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.