• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Гестациски дијабетес – ризик фактори за појава и дијагностицирање

20 октомври 2022, 11:12
  • cподели

Гестациски дијабетес претставува дијабетес кој се јавува за време на бременоста, без претходна историја за дијагностициран дијабетес или покачени гликемиски вредности. Најчесто се јавува во третиот триместар од бременоста, а доколку се појави во првите два, тогаш најверојатно станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2.

Со текот на времето како напредува бременоста, така се зголемува и телесната тежина. Со самото тоа се создава одреден степен на инсулинска резистенција која ја зголемува потребата од инсулин. Овој недостаток на инсулин и инсулинска резистенција доведуваат до појава на гестациски дијабетес.

Гестациски дијабетес

Кои се ризик фактори за појава на гестациски дијабетес?

Како ризик фактори за појава се сметаат покачена телесна тежина, полицистичен оваријален синдром, позитивна фамилијарна анамнеза за дијабетес, родилната тежина на плодот од претходната бременост била над 4кг, физичка неактивност или постоечки предијабетес.

При постоење на гестациски дијабетес се зголемува ризикот за појава на покачен крвен притисок. Во однос на плодот, се зголемува ризикот за поголем плод, за предвремено породување, за постпартална хипогликемија како и развој да дијабетес тип 2 подоцна во животот.

Како се дијагностицира гестациски дијабетес?

Гестацискиот дијабетес се дијагностицира со орален глукоза толеранс тест кој се изведува меѓу 24-28 гестациска недела, а доколку има податок за претходно постоечки ризик фактори, тогаш може да се направи и во првиот триместар (12-тата гестациска недела). За позитивен тест според Американската асоцијација за дијабетес, се сметаат вредностите на гладно над 5.3ммол/Л, 1ч по оптоварување над 10 ммол/Л и 2ч по оптоварување над 8.5 ммол/Л.

По пораѓајот, најчесто завршува гестацискиот дијабетес и сè се враќа во нормала, но кај 50% од жените со гестациски дијабетес ќе развијат дијабетес тип 2 со текот на времето. Затоа е потребно по 6-12 недели да се направи проверка на гликемискиот статус.

Во „Клиниката Жан Митрев“ стоиме на располагање за навремено да го дијагностицираме гестацискиот дијабетес и правилно да го водиме и третираме, за на крајот заедно да се радуваме на новиот живот кој допрва ќе почне.

Медицина

Д-р Џулиана Михајловска
Специјалист по ендокринологија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев
Tags
гестациски дијабетес
Жан Митрев

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.