• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Гест за почит: Вработени во маркет направија одалка за 2-годишно момче со мускулни проблеми

31 мај 2019, 12:13
  • cподели

Насмевката на лицето на малиот Логан Мур е бесценета, а за неа се „виновни“ љубезни лица кои му направија одалка за да може полесно да се движи.

Постапката на вработените во „Home Depot“ стана вирален хит и освои многу срца.

Логан

2-годишниот Логан има хипотонија (намален мускулен тонус) и не може да оди, па неговите родители биле решени да му го олеснат движењето со одалка. За жал, осигурителната компанија не им давала дефинитивен одговор дали ќе ги покрие трошоците.

Барајќи алтернатива, тие наишле на планови како сами да направат одалка за малото детенце. Кога отишле во маркет и побарале помош при изборот на материјали, тие наишле на поголема поддршка одошто очекувале. Вработените се обединиле да им ја остварат зацртаната цел, а фотографиите гласно говорат зошто нивниот гест е достоен за почит.

Логан Логан

Еден од вработените раскажа како течело изненадувањето за Логан:

„Денес, една дама со мајка си и сопругот дојдоа во Home Depot и ни кажаа дека е неизвесно дали осигурителната компанија ќе им плати за одалка за нивното мало момче, па дека тие пронашле на интернет планови за да направат одалка од PVC цевка.“

„Менаџерот слушна за ова, отидовме да ги разгледаме нивните планови и им рековме: 'Оставете на нас'. Започнавме да ја склопуваме, а му рековме на семејството да оди да ужива на сладолед и да се врати за еден час.“

„Други наши колеги ни се приклучија и кога семејството се врати, сè беше готово. Сите плачеа додека го гледаа Логан како оди наоколу со најголемата насмевка на лицето.“

„Кога семејството се обиде да ни плати, им рековме: 'Нема шанси, ова е од нас'“.

Логан Логан

Исполнета со емоции, мајката на Логан изјавила: „Не можев да поверувам дека го направија тоа. Со сета сила се трудев да не заплачам, затоа што не му е лесно на син ми. Нему му е тешко да ги прави сите работи кои им се лесни на повеќето деца на негова возраст.“ Логан

Tags
добро дело

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.