Гест кој топи срца: Родители и ученици од Црна Гора го прекинаа часот на омилената наставничка и ја трогнаа до солзи
Наставничка од Црна Гора беше трогната до солзи од родители и деца кои одлучија да ја изненадат среде настава.
Учениците од ОУ „Лука Симоновиќ“ заедно со нивните родители се појавија во училницата на Жељка Шќепановиќ за време на часовите и ѝ приредија роденденско доживување кое засекогаш ќе го памети.
Децата со насмевки ѝ го честитаа роденденот на омилената наставничка, додека родителите подготвија симболичен знак на благодарност за сè што прави за нивните деца. Таа не можеше да си ги задржи солзите од среќа.
Учителката Жељка била позната по тоа што речиси секогаш ги изненадува учениците со мали знаци на внимание, охрабрување и топол збор. Па, токму затоа родителите одлучиле овој пат улогите да се сменат и изненадената личност да биде самата таа.
Нека денес биде малку поинаку ❤️
Навикнавме учителката Жељка одново и одново да ги изненадува нашите деца – со внимание, насмевка, топол збор и мали магии кои само таа знае да ги направи. Затоа посакавме овој пат да ѝ возвратиме и да ѝ покажеме колку ни значи на сите нас 💛
Родителите од одделението IV-3 ѝ приредија мало роденденско изненадување – од благодарност, почит и голема љубов за сè што несебично им дава на нашите малечки секој ден 🎁
Зашто училиштето не е само место каде што се учи — туку место каде што се паметат луѓето кои оставаат трага ✨
Среќен роденден, учителке! 🎂🌸 - напиша една мајка.