• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Фустанот со старата охридска куќа ја одушеви Варшава: Стефанија Насеска Попадинец со „Носталгија“ ги чува македонските корени преку модата

16 септември 2026, 10:25
  • cподели

Стефанија Насеска Попадинец преку своите модни парчиња инспирирани од македонското наследство е вистински промотор на нашата земја и нашите корени.

Познатата модна дизајнерка од Прилеп повторно ја претстави Македонија на меѓународната модна сцена со учеството на Модната недела во Варшава. Во полската метропола, Стефанија ја воодушеви публиката со уникатните модни креации од новата колекција „Носталгија“.

Колекцијата е инспирирана од македонското архитектонско наследство и од начинот на кој нашите предци, и покрај различните културни влијанија, успеале низ градбите и ентериерите да си го сочуваат идентитетот.

Дизајнерката, позната по својот автентичен пристап кон модата, испраќа и силна порака за зачувување на старите македонски градби, особено по неодамнешното уривање на историската куќа од 1927 година во Охрид.

А токму Охрид и неговите стари куќи ѝ биле најголемата инспирација. Фустаните со стари охридски куќи се издвоија како едни од највпечатливите парчиња од колекцијата, претворајќи ја модната писта во Варшава во своевиден потсетник дека наследството кое го имаме денес е нешто кое треба да го чуваме за идните генерации. 

Меѓу креациите не изостанаа ни гламурозните светкави тоалети во бела боја со пердуви, кои потсетуваа на охридските лебеди, креацијата со златната маска од Требеништа, деталите со препознатливите црвени охридски трендафили и рачно изработените миленца...

За Фемина, Насеска Попадинец раскажува дека „Носталгија“ е нејзин личен начин преку модата да зборува за корените, идентитетот и опасноста да го изгубиме она коешто нè прави препознатливи.

Какво е твоето искуство од учеството на Модната недела во Варшава?

Моето учество на Warsaw Fashion Week се случи по нивна иницијатива или покана, која јас со задоволство ја прифатив. Подолг период ја следеле мојата работа, премногу им се допаднало она што го правам и одлучиле еден од интернационалните претставници на нивниот настан да бидам јас.

Од она што публиката можеше да го забележи на социјалните мрежи, а и мое лично искуство е дека организацијата беше на премногу високо ниво и дека ние како дизајнери добивме одлична промоција и простор во медиумите.

Настанот траеше три вечери и секоја вечер беше на различна локација што придонесе настанот да ја има онаа светска динамика кога се во прашање модните недели.

Целиот тим на Warsaw Fashion Week посветено работеше на своите задачи за организацијата да биде на завидно ниво.

Која е идејата зад твојата колекција „Носталгија“? Каква порака носи?

Колекцијата „Носталгија“ е инспирирана од архитектурата во Македонија во 19. век, под влијание на Отоманската култура. Според мене, тоа е еден огромен белег во нашата историја и во нашиот код, но и покрај таквото влијание нашите предци останале доследни на своите корени и тивко, суптилно и мудро, низ нивното творештво го провлекле и кодирале својот идентитет. Токму таа архитектура, ентериерите, сѐ она со што денес се гордееме и нѐ прават поразлични од другите.

Како сведоци на неодамнешното уривање на историска куќа во Охрид, но и од крајната негрижа од општините за старите објекти од минатото и во другите градови, одлучив да испратам апел за тоа колку ни е важен и тој дел од нашата историја и колку и преку архитектурата е даден печат на нашиот идентитет.

Како најрепрезентативен град го избрав Охрид и неколкуте куќи во стариот град кои претставуваат добар пример како треба да се негува историјата и минатото.  

Денес, архитектурата го изгуби својот локален печат и секоја градба личи иста како претходната од некој град во било која земја во околните држави и пошироко. Таа униформираност не само што ја гледаме во гардеробата, ја сведочиме и во секојдневието на архитектурата. Ако продолжиме вака со сигурност ќе го изгубиме ликот и идентитетот.

Колку време ја подготвуваше колекцијата?

Тешко ми е да определам колку време изработувам една колекција бидејќи јас идеите ги имам разработено од претходно и тоа е подолгиот процес и знам која во кој даден момент би ја искористила. За „Носталгија“ ми беше потребна активна работа од по 15 – 20 часа на ден без слободни денови, за реализација на идеите во времетраење од месец до месец и половина. Во моментите кога спремам колекција сите знаат дека не треба да ме бараат освен ако „гори“ некаде 😂. Целосно се повлекувам од социјален живот и најчесто функционирам во вечерните часови додека сите спијат.

Какви беа коментарите на публиката во Варшава?

Ваквите настани ги искористувам за да стекнам што е можно повеќе нови контакти и пријателства. Добрата работа и автентичноста ми ја олеснуваат мисијата со тоа што луѓето во странство сами ти пријдуваат после ревија и ти нудат соработки. Па така на прашањето какви беа коментарите од публиката, ќе одговорам само дека добив премногу нови понуди за соработки, со модни стилисти, фотографи, уредници на списанија, но и нови контакти со клиенти и колеги дизајнери. Ревијата не е последниот чекор од една колекција, туку врата која се отвара за нови видици.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

ФОТО: Mariola Kędzior

Tags
Стефанија Насеска Попадинец
Модна недела во Варшава

Најнови

  • Фустанот со старата охридска куќа ја одушеви Варшава: Стефанија Насеска Попадинец со „Носталгија“ ги чува македонските корени преку модата

    Wed, 09/16/2026 - 10:25
  • „Ми рекоа одиш кон рана смрт“: Мајка на три деца ослабе 77 килограми и се натпреваруваше на Мис САД

    Wed, 09/16/2026 - 10:08
  • „Љубови“: Емилија Мицевска со преслатки фотографии од септемврискиот одмор со синчето Давид

    Wed, 09/16/2026 - 09:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.