• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Коса

Фризури – трендови за пролет/лето 2011

18 април 2011, 10:04
  • cподели

Најновите трендови за фризурите се контрадикторни – модерна е и совршено уредната коса, но и фризурите од типот „совршен неред“. Сепак, сите се многу интересни и сигурно ќе ве примамат да ги прилагодите на вашиот стил во текот на пролетните и летните денови.

Плетен неред

Плетенките сè уште не го отстапуваат своето место меѓу трендовите, но оваа сезона нè поттикнуваат повеќе да експериментираме. Прескокнете ги едноставните плетенки и обидете се со плетење на косата да направите бушава фризура. Колку понеобично, толку подобро.

Плетен неред

Ултра волумен

И кога веќе знаеме дека стилот од 70-тите е основа за модните трендови оваа сезона, јасно е дека не можеме да поминеме без многу волумен и афро фризури. Сплетете ја водената коса во плетенки, а потоа исушете ја и растурете ги плетенките. Тоа е најлесниот начин да го примените трендот „ултра волумен“.

Ултра волумен

Екстремен патец настрана

Секоја фризура можете да ја направите тренди ако патецот на косата ви е настрана, ама многу настрана. Пуштете ја косата слободно, направете си патец на левата страна и со шнола прицврстете ги шишките на десната страна. Толку лесно, а толку убаво и модерно.

Екстремен патец настрана

Супер мазна и сјајна коса

Како контраст на трендот „ултра волумен“ се јавува трендот на замазнета сјајна коса. Ако ја обожавате фризурата коњско опавче, направете ја така што убаво ќе ја залижете косата за главата, без да летаат малечки влакненца на сите страни. Фиксирајте ја косата со гел или восок. Познатите стилисти препорачуваат да ја залижувате косата во горниот дел на главата дури и ако ја носите пуштена, но тој мини тренд најверојатно ќе си остане само на модните писти.

Супер мазна и сјајна коса

Брановидни романтични прамени

Скоро е безбедно да кажеме дека брановидната коса е тренд кој засекогаш ќе биде актуелен и пожелен. Прво, затоа што е лесен, а второ, затоа што е неверојатно секси, женствен и романтичен.

Брановидни романтични прамени

Балерина пунџа и кок

Направете си балерина пунџа или кок во долниот дел на главата или многу високо на темето на главата. Подеднакво актуелни се и идеално средените и разбушавените несредени пунџи. Изборот е ваш.

Балерина пунџа и кок

Бујни кратки шишки

Стилот од 70-тите ни донесе уште еден тренд – густи кратки и скоро рамни шишки. Експертите препорачуваат шишките да бидат бујни, малку подолги на страните и да ги покриваат веѓите.

Бујни кратки шишки

Шноли, шноли, шноли

Класичните правоаголни шноли се вратија во мода. Оние кои пред десетина години ги исфрлија, сега ќе треба да се снабдат со нови. Најпромовиран тренд е коса со патец настрана и шишки фатени со шнола. Но, исто така шнолите може да се користат за декорирање на пунџа, коњско опавче и сл.

Шноли, шноли, шноли

Трендови кај боите за коса

Козметичкиот пазар нуди стотици различни нијанси на бои за коса. Но, кои од нив ги препорачуваат стилистите оваа сезона?

  • Русокоса. Ако минатата година модерни беа платинестите нијанси кои потсетуваат на скандинавските русокоси, оваа година во мода се потопли нијанси. Најдобриот избор се луксузните златни нијанси. Така сонцето уште повеќе ќе го потенцира сјајот во вашата коса.
  • Бринета. Заборавете на топлите нијанси на карамела и лешник кои беа актуелни минатата година. Сега тренди се поладните нијанси како млечно чоколадо. Изберете потемна боја и нема да зажалите. Доколку сте бринета, особено е важно да внимавате вашата коса да биде сјајна.
  • Црвенокоса. Не се знае дали тоа се должи на влијанието на Ријана, Кристина Хендрикс или на Флоренс Велч, но црвената боја станува сè попопуларна. Модерни се и потемните и посветлите нијанси. Доколку имате темен тен, нема да погрешите ако се насочите кон боја со праскова или портокалова основа, а ако имате светол тен, пробајте да ја истакнете убавината на вашата коса со посветла и посилна црвена.

Коса „Омбре“

Меѓу најпопуларните трендови за коса за сезоната пролет/лето 2011 се вбројува трендот „омбре коса“ или поразбирливо кажано, „постепено осветлување“. Бојата на косата е најтемна во корените на влакното и постепено се осветлува движејќи се кон врвовите, за на крајот да стане скоро руса. Изгледот се постигнува со постепена градација на бојата.

Омбре коса Омбре коса
Tags
фризури
пролет/лето 2011

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.