• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Фотографиите не лажат, Шакира и Пике се заедно

15 март 2011, 11:57
  • cподели

Иако уште од минатата година се шпекулираше дека Шакира и Пике се во врска, ниту еден од нив официјално не го потврди тоа. Енергичната пејачка и славниот фудбалер дури и ја демантираа таа вест.

Но, сега врската на Жерар Пике и Шакира веќе не може да биде тајна. На насловната страна на колумбиското списание Caras беше објавена фотографија на која 34-годишната пејачка и десет години помладиот Пике романтично се бакнуваат.

Шакира и ПикеПике и Шакира на насловната страна на списанието Сaras

Пике и Шакира се запознаа во пролетта минатата година на снимањето на спотот за песната „Waka Waka (This Time for Africa)“ и се верува дека оттогаш тајно се состануваат.

Неколкупати беа објавувани фотографии на кои се заедно, но и Шакира и Пике објаснуваа дека се само пријатели.

Шакира и ПикеШакира и Пике излегуваат од ресторан во Барселона (пред 1 месец) Шакира и Пике на неговиот роденденШакира и Пике на неговиот роденден

Според облеката, најверојатно фотографијата од насловната е сликана на роденденската прослава на Пике минатиот месец.

На почетокот на оваа година Шакира официјално ја објави разделбата со Антонио де ла Руа. Колумбиската ѕвезда и синот на бившиот претседател на Аргентина беа заедно од 2000г. Антонио и Шакира сè уште одржуваат контакт и продолжуваат да бидат бизнис партнери.

Tags
Шакира
Жерар Пике

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.