• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Жени, девојки и деца си ја скратуваат косата за да ја донираат за деца болни од рак

3 октомври 2017, 16:24
  • cподели

Губењето на косата како последица на рак е мошне трауматично искуство. За да им помогне на најмалите кои ја видат најтешката битка, британската организација „Little Princess Trust“ започна прекрасна иницијатива за донирање на коса.

Кампањата насловена „Chop To Your Chin“ наиде на позитивен прием од страна на многу жени и девојки кои несебично донираа природна коса за да може да се направат перики за деца болни од рак.

Во склоп на кампањата се појави и хаштагот #choptoyourchin, со кој многу жени, девојки и деца ги споделија на Instagram своите трансформации. Само во текот на септември беа направени 170 перики. Сите оние кои ја донираа својата коса за изработка на перики добија и сертификати во знак на благодарност.

A post shared by Bethany Hall (@bethany_bach) on Sep 21, 2017 at 10:20am PDT

И британските модели Лили Кол, Амбер Ле Бон и Меди Вотерхаус ја истрижаа и донираа својата коса. Моделите го направија овој гест со цел да ги поттикнат другите луѓе да го следат нивниот пример.

Донација на коса Донација на коса Донација на коса

„Little Princess Trust“ е добротворна организација која им помага на деца болни од рак, создадена по иницијатива на Венди и Сајмон Тарли, кои ја изгубиле ќеркичката Хана поради рак пред седум години.

Оќелавувањето било многу мачен процес за малата Хана, а на родителите им било многу тешко да пронајдат убава перика која не би се разликувала многу од природната детска коса. Поради тоа, Венди и Сајмон одлучиле да се посветат на собирањето природна коса за изработка на перики, како знак на помош и поддршка на болните деца. Досега имаат изработено и донирано повеќе од 5.000 перики.

Погледнете некои од трансформациите на оние кои воопшто не се каат што се простиле од долгата коса и ѝ дале подобра намена:

A post shared by Jo Robertson (@jorobertson_ghd) on Sep 21, 2017 at 8:43am PDT

Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса

A post shared by Charlotte Dickinson (@hairlifebycvdickinson) on Sep 24, 2017 at 1:56pm PDT

Донација на коса Донација на коса Донација на коса Донација на коса

И македонската стилистка Љупка Арсовска порача дека донирањето на косата за изработка на перики треба да се земе предвид. На својот профил на Facebook, Љупка сподели фотографии од нејзината пријателка Мариса која прва одговорила на повикот и ја донирала својата коса.

Tags
хумано дело

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.